Насловна / Архитектура / Аеродром со едноставна, линеарна и динамична форма

Аеродром со едноставна, линеарна и динамична форма

Предложениот проект Tehran Airport T-2 во Техеран, Иран, дизајниран од архитектонското студио GMW MIMARLIK од Истанбул, претставува одличен пример за обезбедување на удобност на патниците на високо ниво со својата едноставна, линеарна и динамична форма.аеродром техеран_2

GMW MIMARLIK, под водство на архитектите Ali Evrenay Ozveren, Dicle Demircioglu и Pinar Ilki Emekci, се заслужните за голем број главни транспортни проекти низ целиот свет, вклучувајќи неколку меѓународни аеродромски терминали и железнички станици.аеродром техеран_5

Еден од нивните неодамнешни проекти е дизајнот на меѓународниот аеродром Т–2 во Техеран.аеродром техеран_4

Во прашање се 175.000 квадратни метри, а терминалот е дизајниран за да им служи на вкупно 26,5 милиони меѓународни и домашни патници.аеродром техеран_3

Оперативната флексибилност и ефикасност, високото ниво на удобноста на патниците, и приспособливоста на идните потреби се главните одлики на овој концепт на GMW MIMARLIК.аеродром техеран_1

Eдноставнaтa, а сепак динамична форма на терминалoт со силен визуелен идентитет јасно ги изразува трите главни функции на меѓународен терминал; главниот простор за движење на патниците, комерцијалните области и поставеноста на ограничените зони. Линеарното уредување на просторите треба да им обезбеди флексибилна употреба на вкупен број од 28 влезови и излези.

Испрати коментар

Scroll To Top