Од Град Скопје и Општина Карпош информираат дека продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција.

Со неговото завршување, Скопје добива нова функционална сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на градот, која ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително ќе ги растовари булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“.

Проектот, во минатото беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар, со цел целосна заштита на локалитетот „Скупи“.

Потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности продолжуваат со засилен интензитет.
Паралелно со изградбата, се предвидува и современо сообраќајно решение за влезот во селото, преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно реалните потреби на теренот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија