Насловна / Архитектура / Како уличната трговија ја диктира генезата на градските ткива

Како уличната трговија ја диктира генезата на градските ткива

Уличната трговија е значаен извор на егзистенција за корисниците со понизок стандард во урбаните средини. Официјалните статистички податоци покажуваат дека уличното продавање претставува дури 15 отсто од вкупниот процент на вработувања во градовите и дури 25 отсто од вкупното неформално вработување во земјите ширум светот. Тоа е особено значајно во Азија и Африка, каде што дури 80 проценти од вкупните вработувања во трговијата се неформални.

Жителите на урбаните области со ниски приходи се зависни од уличните продавачи како единствен извор на евтини стоки во мали количини – особено овошје и зеленчук, како и основни производи за домаќинството. Онаму каде што продавачите се здружуваат за да формираат улични пазари, тие генерираат побарувачка за дополнителни услуги, а со тоа и работни места: доставувачи, обезбедувачи и рециклирачи. Спротивно на конвенционалните убедувања, уличните продавачи во многу градови, исто така, плаќаат даноци на локалните власти во замена за нивната привремена употреба на јавниот простор.

2

ПРЕДИЗВИЦИ НА ЗАЕДНИЦАТА

Уличната продажба опстојува со векови низ целиот свет, и покрај мноштвото напори да се ограничи. Нејзината достапност нуди опција за генерирање приходи за егзистенција за многумина, но потенцијалот кој го поседува, како мотор на раст, привлекува претприемачи кои се во подобра состојба, кои можат да профитираат од непосредниот пристап до потрошувачите што го обезбедува работењето на улица.

Трговците, стратешки ги лоцираат своите работни места во урбаните области со постојан проток на пешаци, често во централните деловни области или во близина на клучни транспортни раскрсници. Притоа, тие ги детектираат големите бизниси, типот на недвижнини и структурата на потрошувачите, како би ја обезбедиле профитабилноста на сопствениот бизнис. Ваквата тенденција на генерирање на пазарите ( и други нерегулирани форми на здружување на уличните продавачи) во високофрекфентни градски точки, може да ги влоши постојните проблеми во урбаното управување, како што се сообраќајниот метеж, управувањето со цврст отпад и ризиците по јавното здравје.

Ваквите местоположбени шеми продуцираат дизбаланс во околниот контекст и прераснуваат во упоришта на урбани стресори, каде градските власти, треба да интервенираат во  дефинирање и спроведување на законски регулативи и правила со кои ќе се регулира временски кој во кое време ќе има пристап до јавните површини. Почитувањето на правилата исклучиво ќе зависи доколку тие се во функција на пулсирањето на  малопродажната економија во градот, односно во интерес на корисниците на просторот. Предизвикот овде, сепак, лежи во индивидуалноста во вработувањето на уличните работници кои ги сносат сите ризици од водењето на бизнисот поединечно, и често го приоретизираат обезбедувањето на сопствениот работен простор пред долгорочните колективни цели на заедницата, во чија дебата треба да се инволвираат сите засегнати чинители.

3

I

ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ КОН УЛИЧНАТА ТРГОВИЈА И ГРАДСКОТО УПРАВУВАЊЕ

Постојат начини да се балансираат конкурентските барања на уличните продавачи, формалните претпријатија, градските власти и пошироката јавност. Два примери покажуваат како тоа може да се направи.

Во септември 2012 година, индискиот министер за домување и ублажување на урбаната сиромаштија го воведе предлог-законот за продавачите на улица (заштита на егзистенција и регулирање на уличното продавање).Овој историски предлог-закон е еден од единствените напори во светот за заштита на правата на уличните продавачи на ниво на националното право. Предлог-законот следи по Националната политика за урбаните улични продавачи, донесена во 2004 година и ревидирана во 2009 година.

Националната политика, а и нацрт-законот, ќе дојде по долгогодишна борба од страна на Националната асоцијација на продавачи на улица на Индија (NASVI) и Здружението на самовработени жени (SEWA), организации засновани на членство кои се вклучија во сите фази на формулирање политика. За разлика од напорите да се управува со уличното продавање со тоа што ќе престане (односно да се работи на негова егзекуција во градовите) , законот признава дека уличната трговија е тука за да опстане.

Тој се однесува на клучните точки каде обично се појавуваат конфликти помеѓу продавачите и владите. Нацрт-законот, моделиран според политиката, го дефинира процесот на регистрација на продавачите, нивните права и обврски за работа во овластени зони за продавање, како и законски форум во кој продавачите се претставени преку нивните здруженија. Имено, нацрт-законот, исто така, дозволува иселување, преместување и конфискација на стоката, но ги дефинира условите под кои тие можат да се случат. Најзначајно, предлог-законот го признава уличното продавање како право и како урбана мерка за ублажување на сиромаштијата, а истовремено ја признава потребата локалните власти да го регулираат.

Националната политика во Индија и проектот Ворвик во Дурбан имаат значително влијание во имплементацијата на уличната трговија во урбаната егзистенција. Во Бубанесвар, Индија, каде што градот соработува со организации базирани на членови за спроведување на политиката, 91 отсто од продавачите пријавија зголемување на нивниот приход. Во Ворвик, продавачите изјавија дека нивните приходи се зголемиле за 20 до 200 отсто по проектот, како и дека нивната правна и физичка безбедност исто така се подобрила.

Клучниот аспект во Дурбан и во Бубанесвар, Индија гравитира во интерес на одржување на урбаната матрица, и нужно е да се продолжи уличното продавање во областите на природните пазари во градот. Поради тоа што урбаната улична трговија секако ќе се одвива можеби само во различен облик, но сепак во чекор со актуелните практики и форми на живеење на заедницата.

5

6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top