Насловна / Архитектура / Како предвоената Вила Лаура во Белград е претворена во галерија

Како предвоената Вила Лаура во Белград е претворена во галерија

Со раскошна надворешност, вилата е редок пример на архитектурата на рускиот романтизам во Белград. Овој заштитен објект повторно сјае со својот стар сјај.

5_resize

Идејата за овој необичен проект во кој една вила ќе се претвори во салон за мебел и галерија, се родила во компанијата Xylon, бренд кој произведува мебел со врвен дизајн и квалитет веќе 25 години. Преку својот развој, компанијата растела и тежнеела да најде соодветна просторна рамка за својот нов идентитет. Во таа намера, раководството на компанијата одлучило да направи чекор напред и да се осмели на нетипична форма на презентирање на своите производи и услуги.

1_resize

Со цел да се добие оригинално решение, компанијата ангажирала група дизајнери на ентериер, составена од Дамир Крџовиќ, Мина Малишиќ и Мила Тешиќ. Предизвикот бил голем. Младите дизајнери имале задача да пронајдат, реконструираат и уредат простор што ќе има силен печат, атрактивен изглед и достапна локација.

8_resize 7_resize

„Изборот на таква куќа не беше воопшто лесен. Но, имавме среќа што Белград е град на занемарени предвоени вили – бисери на класичната архитектура, кои се недопрени со децении. Случајно, стапивме во контакт со две прекрасни дами, директни потомци на архитектот на предвоената вила, сопственички на куќата Лаура на Сењак “- велат младите дизајнери.

2_resize

Новиот изложбен простор претставува живот во живо – што е необичен концепт. Иложбената поставката се состои од низа амбиенти во кои сите елементи на домот се претставени во реална ситуација.

6_resize

Реконструкција на вила од 1928 година

Лаура своето име го добила по сопругата на главниот архитект на проектот. Младата девојка од виенско трговско семејство, не ни претпоставувала дека ќе стане предмет на инспирација и ќе го зачува своето име во векот кој дошол далеку по нејзиниот.

18_resize

Објектот е изграден во 1928 година. Според стандардите од тоа време, биле користени тули во стариот австриски формат, кои (како и секоја тула од тоа време) имале печат на производителот. Објектот е граден во масивен конструктивен систем со sидови со дебелина до 45 сантиметри. Дури и денес, овие sидови обезбедуваат беспрекорна топлинска и звучна изолација.

3_resize

По речиси 100 години употреба, гредите на покривот станале трошни, заедно со други елементи на конструкцијата. По тој повод, дизајнерите морале да ангажираат столари кои ги замениле старите со нови дрвени греди, а кровот го покриле со оригинални керамиди.

Фасада под заштита

Една од специфичностите на овој проект лежи во фактот дека еден од авторите на архитектурата е славниот Александар Дероко. Имено, Дероко бил пријател со главниот архитект и сопственик на вилата, Ристо Ристиќ, тој помогнал во изработка на цртежите и разработката на проектот.

12_resize

Како дел од историската амбиентална целина на Сењак, фасадата на објектот е под заштита на градот Белград. Од таа причина, дизајнерите имале обврска да го зачуваат оригиналниот изглед на фасадата и столаријата. Со цел да се задржи автентичноста, применета е старата мајсторска техника хефора – т.н. „прскана фасада“.

14_resize 15_resize

Галерија за уметност и дизајн

Почетната замисла била просторот на старата вила да стане изложбен салон на компанија која се занимава со дизајнирање и реализација на мебел и ентериери. Но, како што напредувала изведбата, просторот полека ја надминал својата првична намена и добил голем број нови содржини.

8_resize

„Нашата желба беше просторот во Лаура сам да ја сугерира својата намена и како таков да предизвика одредени чувства кај луѓето што престојуваат во него. Токму овие размислувања беа наш најголем предизвик, но и целта, што ни се чини, ја постигнавме со овој проект за реконструкција на вилата, која за нас беше еден голем потфат. Проблемите со изведбата некако паднаа во втор план и не натераа да најдеме сретства да ги отелотвориме нашите идеи“- изјавуваат дизајнерите.

2_resize

4_resize

Покрај својот личен ангажман, авторите во проектот вклучиле и неколку млади дизајнери на мебел, керамика и употребни предмети, скулптури, слики и графики кои станаа дел од постојаната изложба во Вила Лаура. Со овој потег, Белград доби своевидна галерија на применети уметности, која ја промовира работата на локалните уметници.

16_resize

Покрај својата основна намена, идејата е Вила Лаура да пружи услуги за изнајмување простор на креативни тимови, филмски продукции и поединци со потреби да организираат промотивни настани. Исто така, Лаура ќе биде место за одржување привремени поставки на уметнички изложби.

11_resize 9_resize 10_resize 13_resize 17_resize

Испрати коментар

Scroll To Top