Насловна / Арт и дизајн / Вечерва во Сули ан фотографска изложба „Света Софија – Светлината на тишината“

Вечерва во Сули ан фотографска изложба „Света Софија – Светлината на тишината“

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан вечер во 20.30 часот ќе биде отворена фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на авторите Изет Керибар и Мехмед Озџај.

Настанот се реализира во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.

„Фотографската изложба ‘Света Софија – Светлината на тишината’ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со љубителите на уметноста. Света Софија во Истанбул како уметничко дело плени не само со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика“, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот „Скопско лето“.

Испрати коментар

Scroll To Top