Претседателот на Комората, Никола Рибароски беше почесен гостин на настанот – Први денови на геодетите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, што од 24 до 26 април се одржаа во Гранд хотел – Неум, БиХ.
Настанот се одржа во организација на Геодетското друштво Херцег –Босна и граѓанското здружение на геодестките стручни лица “Геодет” од Тузла, а истиот беше под покровителство на Претседатлеката на Федерацијата БиХ, Лидија Брадара, која и официјално го прогласи настанот за отворен.
Пред високите гости и присутните на овој настан освен поздравното обраќање на почетокот, на претседателот на Комората на друштва за геодетски работи на РМ , Никола Рибароски, му припадна и честа да го претстави двогодишникот за 2024 и 2025 год.- „Годишњак“ ( публикација што ја издава Геодетското друштво Херцег-Босна), кој пред нешто повеќе од 200 присутни, даде 20-минутен осврт за запишаното во оваа публикција.
На крајот од стручниот дел на овие Први денови на геодетите на Федерацијата БиХ беше, потпишан Меморадум за разбирање и соработка помеѓу Комората на друштва за геодетски работи на РМ и Геодетското друштвo Херцег-Босна.

Меморандумот го потпишаа претседателот на нашата Комората, Никола Рибароски и претседателката на друштвото на БиХ, Сара Михајлевиќ, а со истиот се предвидува продлабочување на соработката помеѓу двете организации на неколку полиња, кои се од взаемен интерес на членките.
На потпишувањето на Меморандумот, Рибароски истакна дека на овој начин продолжува стратешката опредлеба на Комората да гради мостови на сораобтка и пријателство со сите сродни институции кои ги делат истите вредности и заложби.
„Сработеното, доколку не го ставите на хартија исто како да не сте го направиле. Токму затоа денеска го искажувам моето големо задволство од учеството на овој настан и потпишувањето на Меморадумот за соработка со нашите пријатели од Федерацијата БиХ. Иако Комората во правна смисла е поголема организација од Геодетското друштво Херцег – Босна, сепак сметам дека имаме многу што да научиме од друштвото, а секако и да ги пренесеме нашето искуство и знаење. Токму успешната организација на овој настан од страна на Друштвото како искуство ќе го искористи Комората, за организација на ист или сличен настан, кај нас во Македонија”, истакна Рибароски.
„Чест и задовлството ми е, што во име на нашето Геодетско друштво Херцег-Босна, денеска го потпишав овој меморандум за соработка со претседателот на Комората на друштва за геодетски работи од Р. Македонија, колегата Рибароски. Со овој Меморандум се предвидува соработка преку размена на искуства и најдобри пракси, како и заеднички настап према трети страни кои се однесуваат на прашања во интерес на геодетската струка”, истакна Михајлевиќ.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија