Насловна / Вести / Стружани на протест поради депонијата што го загадува градот

Стружани на протест поради депонијата што го загадува градот

Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, денеска ќе организира протестен марш поради нерешавање на проблемот со запалената дива депонија. Протестот ќе започне на кружниот тек кај струшкото „Пливалиште“, а треба да заврши на кружниот тек на влезот на градот. Стружани на кратко ќе го блокираат магистралниот пат Струга – Ќафасан.струга депонија

Граѓаните од Струга поднеле барање и до премиерот Зоран Заев, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за екологија, во кое ги известуваат премиерот и министрите за алармантната состојба во Стурга.

Инаку, депонијата што го загадува градот е на 1,5 километар од Охридското Езеро.

Испрати коментар

Scroll To Top