Насловна / Арт и дизајн / Секојдневниот живот во њујоршкото метро на фотографиите на Стенли Кјубрик

Секојдневниот живот во њујоршкото метро на фотографиите на Стенли Кјубрик

stenli kjubrik njujork (2)

Пред да зачекори во светот на филмот, Стенли Кјубрик работел како фотограф за списанието „Look“.
Во 1945 година, тогаш 17-годишниот Кјубрик продал на списанието „Look“ своја фотографија на која се наоѓа продавач на весник, чие лице открива реакција за смртта на американскиот претседател Рузвелт. Кратко потоа, списанието го ангажирало Кјубрик како фотограф за њујоршкото издание на списанието, кој бил и останал најмладиот фотограф во текот на сите години на списанието „Look“. Токму од тогаш, Кјубрик го изградил својот специфичен стил, кој и ден-денес инспирира како етаблирани така и уметници во развој.

stenli kjubrik njujork (10)
За неговите црно-бели фотографии долго време се мислело дека се изгубени, па дури и самиот режисер не знаел каде се. Историчарот на уметност Rainer Crone успеал да дојде до неколку илјади негативи, кои се „криеле“ во Конгресната библиотеката на Охајо и архивите на Музејот на градот Њујорк. Како што може да се види, младиот Кјубрик сакал да го документира секојдневниот живот на њујоршките улици, па на фотографиите се појавуваат различни профили на луѓе, од невработени, улични забавувачи па до патници во подземната железница.

stenli kjubrik njujork (9) stenli kjubrik njujork (8) stenli kjubrik njujork (7) stenli kjubrik njujork (6) stenli kjubrik njujork (5) stenli kjubrik njujork (4) stenli kjubrik njujork stenli kjubrik njujork (3)

Испрати коментар

Scroll To Top