Насловна / Арт и дизајн / Револуционерен потег или враќање во среден век?!

Револуционерен потег или враќање во среден век?!

Во Manchester Art Gallery отстранета е сликата на познатиот британски сликар Џон Вилијам Вотерхаус, кој е еден од најважните пред-Рафаел уметници. Имено, неговото дело „Хилас и Нимфи“ прикажува разголени митски тела на млади нимфи, кои го мамат младиот Хилас во „пропаст“. Не само што сликата била отстранета, туку галеријата, исто така, ги повлекла и продажните разгледници со оваа позната слика.манчестер (2)

На местото на сликата оставено е известување во кое било напишано дека галеријата го направила овој потег, со цел да се поттикне разговор со посетителите на галеријата за тоа како јавноста во Манчестер ги перципира уметничките дела. Посетителите на галеријата на овој потег не останале должни“, и многумина од нив оставиле своите забелешки и реакции во врска со овој галериски потег. Клер Ганавеј, кустос на галеријата за современа уметност, изјавила дека ова во никој случај не е еден вид цензура.манчестер (4)

На галеријата не и била целта „негирање“ на постоење на некое уметничко дело, туку да ги охрабри сите на размислување, бидејќи на сликата се претставени многу женски тела, а во центарот на вниманието повторно е поставен мажот, а и името на сликата укажува на тоа дека мажот е „најважен“. Самото отстранување на делото е уметнички чин, кое ќе биде прикажано во рамките на изложбата на уметницата Соња Бојс, која би требало да се отвори во месец март. Реакциите на оваа постапка се поделени – некои сметаат дека ова отвора можност некои дела да се отстрануваат поради „неважечки аргументи“, додека други веруваат дека овој потег е директна форма на политичка коректност. манчестер (3)

Ова сигурно ќе предизвика уште поголема реакција во светот на уметноста, а на вас останува да размислите дали овој потег е револуционерен или повторно не враќа во средниот век.манчестер (1)

Испрати коментар

Scroll To Top