Насловна / Вести / Растенијата – повеќе од декорација во ентериерот

Растенијата – повеќе од декорација во ентериерот

Внесувањето на растителност во ентериерот значи многу повеќе од декорација. Тоа претставува унапредување на средината, создавање на позитивна енергија и стимулирање на сетилата. Без разлика на тоа дали би се употребувале во домот или  во канцеларијата, тие секогаш се добредојдени. Кога е во прашање обемот на употреба на растенијата во просторот, постојат различни препораки и искуства. Па така, во собите во кои се спие препорачливо е да не се чуваат растенија или тоа да бидат некои растенија кои не достигнуваат големи димензии, додека во другите простории, влучително и канцеларии, библиотеки, амфитеатри и слично, препорачливо е да се поставува по едно растение на секои 18 метри квадратни. За прочистување на воздухот за дом од околу 150 метри квадратни, потребни се околу 8–12 растенија.1-1

Според студијата направена од Кралскиот колеџ за земјоделство во Чирченстер, Велика Британија, дојдено е до резултати според кои, студентите покажуваат 70 проценти поголема внимателност и концентрација кога се изучува во просториите што содржат растенија.

Во поглед на начинот на одгледување и позицијата каде би се поставиле, секогаш треба да се имаат предвид барањата на растенијата, според нивниот природен ареал и обезбедување на потребните услови во кои природно растат и се развиваат.

4-5 5

Жардиниери и саксии

6

     Кога станува збор за класично уредување на ентериерот со растенија во саксии и жардиниери, треба да се води сметка на изборот на сад во кој растението најдобро би се развивало. Вообичаено е кога ќе купиме ново растение за да го разубавиме домот, да го добиеме во пластична саксија која и не е многу декоративна.

Исто така, може да се случи да се купи растение кое ја има прераснато саксијата, па затоа треба да се пресади во сад со поголеми димензии. Кога е во прашање изборот на саксии за растенија за уредување на ентериерот, потребно е да се води сметка на големината на саксијата, материјалот од кој е изработена и типот на дренажа.

Доколку самата саксија нема двојно дно, потребно е да се постави дренажен слој во основата на саксијата. Саксиите со двојно дно се попрактични од класичните саксии со перфорирано дно. За дренажа во класичните саксии потребно е тие да имаат подлошка. Кај саксиите со двојно дно вишокот вода растението може капиларно да ја конзумира со текот на времето.

8-6 8-1 7-7 8-8

Во поглед на изборот на саксии може да се најдат саксии изработени од повеќе материјали. Како најчести се теракотните саксии, кои се атрактивни, но исто така се доста тешки, порозни (одлични за одгледување на кактуси, сукуленти и папрати), но и многу кршливи. Нешто полесни од нив се керамичките саксии кои исто така се доста кршливи, но за разлика од глинените може да се најдат галванизирани во голем спектар на бои. Пластичните саксии во денешно време се многу популарни, пред сè поради малата тежина, предност што им дава да се употребуваат како висечки кошници, полесно се чистат и се наоѓаат во голем асортиман на бои. А, кога е во прашање изборот на бојата, најдобро е саксијата да е во една максимум во две бои. Сепак, саксијата не треба да го привлекува вниманието во прв момент, бидејќи секогаш акцентот се става на растението. 11-12 12-15 13

Жардиниерите исто како и саксиите се наоѓаат во повеќе форми и материјали на изработка. Жардиниерите по своите димензии се значително поголеми од обичните саксии, и во нив може да се насадат и по неколку растенија. При изборот на растенијата, треба да се внимава на нивното комбинирање во поглед на нивните потреби. Со оглед на димензиите на жардиниерите, тие најчесто се поставуваат во поголеми простории како деловни простории, молови, приемни делови, библиотеки, конгресни сали, а многу ретко се користат за разубавување на домот од практични причини. Многу често се среќаваат во ентериерот како дел од мебелот, изработени од поцинкуван лим, а завршно обработени со маска од иверка, медијапан, масивно дрво или росфрај. Најчесто се поставуваат во делот под скалите, но ова е практично решение само во услови доколку има оптимална природна светлина. Во спротивно, потребно е да се обезбеди осветлување со специјално изработени светилки за таа намена. Во тој случај се изработуваат жардиниери од гореспоменантите материјали, а исто така може да бидат бетонски завршно украсени со декоративен природен или вештачки камен, дрвени маски и слично. 

Вертикални градини

7

Вертикалните градини претставуваат феномен во уредувањето на ентериерот од поново време. Динамичниот начин на живеење, високата цена на станбениот простор, како и потребата за поголема површина во домот, довело до потреба за одгледување на растенијата во вертикална поставеност.

Според начинот на одгледување на растенијата, се среќаваат класични и хидропонски градини. Класичните се попрактични затоа што при хидропонското одгледување потребно е додатна опрема за дозирање на прихрана и циркулирање на водата.10

Вертикалните градини може да се изработени во форма на посебни витрини со корита, во кои растенијата директно се садат во специјално изработени садови или конструкции со повеќе нивоа на кои се поставуваат растенијата во саксии. Овој тип на одгледување најчесто е на класичен начин со употреба на супстрат, додека хидропонскиот начин на одгледување се среќава кај зелените ѕидови.

Зелените ѕидови се посебна категорија на вертикални градини. Тие може да бидат изработени од цврст материјал или од текстил. Текстилните се најчесто големи платна со специјално изработени „џебови“ во кои директно се одгледуваат садниците. Многу често за постигнување на посебен ефект на растенијата се садат во хоризонтална положба. Треба да се има предвид дека во тој случај многу често доаѓа до нивно искривување, пред сè поради неприродната поставеност. Исто така и начинот на полевање е поспецифичен, па затоа потребно е самата конструкција да поседува систем за наводнување со одводно корито кое во долниот дел би го прифаќало вишокот вода.

Изборот на садници за изработка на вертикални ѕидови може да биде најразличен, но секогаш треба да се води сметка на одржувањето, затоа што ваквиот начин на одгледување секогаш бара поголемо ниво на одржување.

 Вивариум

20-21 21 22 22

Како што кажува и самото име, од латинскиот збор vivaria – место за живеење, вивариумот претставува сад наменет за одгледување и одржување на животни и растенија. Првичната идеја за ваквиот начин на третирање на живиот свет е со цел набљудување и истражување. Често станува збор за имитација на дел од екосистем за одреден вид, во помал размер со контролирани еколошки услови. Сепак, тоа е случај во пософистицирани вивариуми со дополнителна опрема за одржување одреден степен на светлина, влага и температура. Отворите на садовите играат многу важна улога во вентилацијата и циркулацијата на воздухот. За одгледување на растенија во вивариум со цел декорација во домот, се користат обични стаклени садови, кои по својата форма и големина, пред сè, се во функција на дизајнот.

Вистинска уметност претставува формирањето на вивариум во крушка од сијалица. Во тој случај изборот на растенија е доста ограничен, пред сè поради  димензиите на крушката. Најчесто се користи мов, лишаи и декорација од камчиња, школки и минијатурни предмети со цел претставување на одреден предел или пејзаж. Многу популарни лишаи за декорирање во домот се од видот Cladonia rangiferina. Станува збор за вид со бледа белузлава боја, кој расте до три милиметри годишно. Многу често за постигнување на одреден ефект се јавува обоен во најразлични бои. За боење најчесто се користи боја од прехранбената индустрија.  Дури и при изборот на мов треба да се внимава да се користи песок, зашто тој е секогаш предност поради својството да се дренира. Задржувањето на водата на површина од супстратот во затворен простор, придонесува за формирање на мувла. Треба да се напомене дека мовта како многу хигроскопен вид, мора редовно да се влажи со вода, како и да не е изложен на директно сончево зрачење со цел подолготрајност.

          Tillandsia sp. претставува многу често користен вид за декорација на вивариуми со минијатурни димензии. Освен декоративноста што ја поседува, овој вид има многу мал коренов систем, како и голема издржливост за опстанок во затворени услови.

Стаклените тегли или старите аквариуми, исто така, претставуваат одлични садови за формирање на вивариуми. Во тој случај може да се користат и растенија со поголеми димензии.

Испрати коментар

Scroll To Top