Насловна / Вести / Отворена „Боемска улица“ во Скопје

Отворена „Боемска улица“ во Скопје

boemska ulica1
Улицата „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало, општина Центар, од синоќа стана првата боемска улица во Скопје. Станува збор за пешачка зона во која граѓаните ќе можат во староградски амбиент да се насладуваат на една друга убавина, наместо на она што се прави во центарот на градот, кое некои сакаат да го наречат „нова македонска архитектура“. Боемски, наместо кичерајски дух. На отворањето многу музика, вино, а насобраните скопјани слушаа за  уметноста и за боемштината. Едноставно, место за дружење и олабавување по напорниот ден.

boemska ulica
На синоќешното отворање на улицата беа присутни многу граѓани, музичари, политичари, новинари, стопанственици, режисери и спортисти. „Новата пешачка зона е место во кое кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат“, велат во општина Центар.

boemska ulica3
Новото решение на улицата е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила. На улицата е поставена калдрма, онаа старата останата од плоштадот и други скопски улици.

1_Boemska-ulica-OC-4-564x423
Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталација за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top