Насловна / Арт и дизајн / Леонардо ди Каприо дизајнира современи парчиња мебел

Леонардо ди Каприо дизајнира современи парчиња мебел

Холивудските ѕвезди честопати се обидуваат да се реализираат и во области кои доаѓаат надвор од нивните професии. Без разлика дали се работи за дизајнирање линии на облека, парфем или пишување книга, добро познатите имиња обично носат и поголем комерцијален успех.

Сепак, овде се работи за добро познато име – Леонардо ди Каприо, коешто бразилски дизајнер го дели со славниот холивудски актер.зиги шкафче_4

Така, дизајнерот Леонардо ди Каприо, реализира елементи за стилско уредување на ентериерот, а најновиот проект е шкафче едноставно наречено Ziggy Cabinet, коешто е наменето за чување на (алкохолни) пијалаци.

За првпат е претставен минатата година во рамките на Неделата на дизајн во Милано, каде бил забележан од страна на Франциско Поло од американската галерија Aybar.зиги шкафче_2

Поло стапил во контакт со дизајнерот, и наскоро почнале да работат на редизајн на шкафчето со цел совршено да се вклопи во естетиката на спомената галерија. Инспириран од изгледот на традиционален накит во Бразил, а неговата уникатност лежи во фактот што е рачно составен од повеќе од илјада делови.зиги шкафче_3

Поло објаснува дека тие се одлучиле за производство на шкафчиња за пијалак, бидејќи на пазарот не постои голем број на слични дизајнерски проекти, и најави дека со Ди Каприо ќе работи и на дизајнот на следните вакви елементи.зиги шкафче_1

Испрати коментар

Scroll To Top