Насловна / Арт и дизајн / Култниот „Трабант“ го прослави својот 60-ти роденден

Култниот „Трабант“ го прослави својот 60-ти роденден

„Трабантот“,  симболот на секојдневниот живот во некогашна Источна Германија, и натаму восхитува, забавува и шармира.

За него се уште се бараат резервни делови, а се планира и проширување на музејот посветен на ова култно возило.trabant

Шеесет години откако првиот „П-50 Трабант“ излезе од производствената лента на 7 ноември 1957 година во градот Цвикау, малиот автомобил со тркалезни светла се уште има мноштво обожаватели.tra

– „Траби“ е возило кое едноставно се издвојува од другите, изјави Франк Хофман, сопственик на продавница за резервни делови во родното Цвикау, близу границата со Чешка.Trabant1

До обединувањето на Германија во 1991 година, кога престана производството, бројот на „Трабанти“ достигна околу три милиони.

– „Трабантот“ је многу едноставен автомобил и за поправка е потребно минимално техничко знаење, нагласува Хофман.

Испрати коментар

Scroll To Top