Насловна / Ентериери / Како од поранешна банка да се направи фитнес центар

Како од поранешна банка да се направи фитнес центар

Поранешна банка во Мадрид е претворена во здравствен и фитнес центар CLUB XII. Архитектонското студио i! Arquitectura неодамна го реализира проектот на спортски центар, кој има необични дизајнерски елементи за овој вид објекти. Тоа се елементи на дизајн за ресторани, ноќни клубови и кафулиња, кои во овој случај се вткаени во дизајнот на ентериер за фитнес центар, и така е создаден иновативен простор каде што може да се вежба и да се одмора.banka-vo-teretana-2

Отворениот концепт на просторот со живописен дизајн е креиран со идеја на членовите на клубот, да им даде можност да имаат избор да вежбаат, да пијат кафе или едноставно да се одмораат од секојдневниот живот, пишува Designboom.banka-vo-teretana-3

Преку големите прозорци целиот простор добива доволно природна светлина. Во централната зона на салата е сместена опремата за вежбање, а во вториот дел се соблекувалните и мини-бар во облик на куќичка. Ниту дизајнот на соблекувалната не заостанува зад останатиот простор.banka-vo-teretana-3 banka-vo-teretana-4 banka-vo-teretana-7 banka-vo-teretana-6 banka-vo-teretana-5

Испрати коментар

Scroll To Top