Насловна / Арт и дизајн / Големи шарени балони во фокус на фотографски проект

Големи шарени балони во фокус на фотографски проект

Иако е веќе познат по својата фасцинација со големи шарени балони, Charles Pétillon продолжува да ги користи како основа на уметничко дејствување. На Миланската недела на дизајнот се претстави со својата најнова инсталација наречена Connexions. Од посебна ткаенина направил десет поврзани балони, кои само со својата појава предизвикуваат реакција кај минувачите.чарлс петилон балони_5

За уште повеќе да ја потенцира нивната естетика, уметникот за оваа прилика одлучил да ги фотографира на најнеочекувани места. Така, оваа инсталација може да се види во напуштен дел од градот, градилиште или на балконот на една станбена зграда.чарлс петилон балони_4

На посетителите на Миланската недела на дизајн особено им се допадна видеото што ја раскажува приказната за овој проект, како и можноста за виртуелно поставување на инсталација на локација по ваш избор.чарлс петилон балони_3 чарлс петилон балони_2 чарлс петилон балони_1

Испрати коментар

Scroll To Top