Насловна / Вести / Фасадни панели кои напојуваат со соларна енергија

Фасадни панели кои напојуваат со соларна енергија

Шведската компанија SolTech Energy развива и продава производи базирани на интегрирана сончева енергија за сите видови објекти – комерцијални, јавни и станбени. Сепак, нивната понуда вклучува нешто особено интересно – тоа се естетски PV модели за производство на електрична енергија од сончева енергија, која е интегрирана во надворешноста во форма на фасадата и на покривот.

Нивните соларни панели на фасадата на комерцијални или станбени згради се особено корисни, бидејќи тие може целосно да ги заменат конвенционалните градежни материјали кои се користат за оваа намена, како што тули, лим или класичните фасадни панели.

fasada

PV панелите се направени од алуминиумски профили, кои се вертикално врзани со гумени ленти. Панелите може да се најдат во различни бои, кои се сиви, зелени, портокалови, сини, бронзени, златни и црни. Но, важно е да се напомене дека не сите панели апсорбираат еднаква количина на сончева енергија, нешто што треба да се има на ум кога се купува.

Соларните ќелии од овие панели може да се монтираат на било која постоечки не-изолирана фасада со било која дебелина, бидејќи таа е флексибилна во дебелината. На овој начин се намалуваат трошоците за инсталирање на соларни панели, со што значително се намалуваат трошоците за електрична енергија и греење на месечна основа.

SolTech фасадните панели може да се најдат во многу големини. Основниот модел е со димензија од 1.200 x 600 милиметри, а има и пошироки модели (максимум 3.000 милиметри).

soltech-fasada

Од овој месец, SolTech почна да работи на два големи проекти во Шведска и Норвешка. Во матичната земја ќе работат на амбициозен проект за домување Strandkajen во Örnsköldsvik, додека во Норвешка заедно со градежниот гигант Veidekke обезбеди фасада за идното еколошки одржливо училиште во градот Levr. Соработниците на двата проекта нагласуваат дека Soltech фасадите се избрани поради тоа што ги исполнуваат сите естетски стандарди, додека позитивно придонесуваат за енергетскиот биланс на зградата, која беше претходно невидена на пазарот.

Еден коментар

  1. Ми се допаѓа. Дали во Македонија можат да се најдат и монтираат ПВ панели за соларна енергија.

Испрати коментар до Андон Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top