Планираниот прекин на купувањето на руски природен гас до крајот на 2027 година, ќе означи пресвртница за пазарите во ЕУ, а регионот на централна и источна Европа би можел да оствари подобар гасен биланс отколку што се очекува. Во тој контекст, Романија и Полска би можеле да имаат клучна улога во новите правци на снабдување, се вели во анализата на Independent Commodity Intelligence Services (ICIS).

Доколку планот за прекин на увозот на руски гас се спроведе во целост, Романија и Полска од 2028 година би можеле да станат двата главни столбови на новите регионални гасни коридори, и тоа благодарение на новите капацитети на Полска за увоз на течен природен гас (ТПГ) и романскиот гасен проект Neptun Deep во Црно море. Во анализата на ICIS, централна и источна Европа ги опфаќа Австрија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Вкупната побарувачка на гас во овие шест земји на ЕУ во 2025 година изнесувала околу 602 TWh, односно 15% од вкупната побарувачка во ЕУ. Романија до 2028 година би можела да стане значаен нето извозник на гас. Се очекува проектот Neptun Deep, кој во моментот е во развој, да ја направи Романија најголем производител на гас во ЕУ. Првите количини на гас од тој проект се очекуваат во септември 2027 година. Од своја страна, Полска би требало да има централна улога во овозможување проток на гасот кон југ. За април 2028 година е најавено пуштањето во работа на терминалот за ТПГ во Гдањск.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија