Инженерската комора на Србија беше домаќин на состанокот на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС), одржан на 24 април 2026 година во Белград, на тема „Дигитализација во областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и изградба, со посебен акцент на примена на современи дигитални алатки, подобрување на регулаторната рамка и размена на добри практики во регионот“.

На состанокот, покрај Инженерската комора на Србија како домаќин и членка на ИИРС, присуствуваа и други регионални комори членки: Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Инженерската комората на Словенија, Хрватската комора на градежни инженери, Хрватската комора на електроинженери, Инженерската комората на Црна Гора и Комората на инженери во инвестициско проектирање на Бугарија, со учество на претставници на Европскиот совет на инженерски комори, Комората на планери и архитекти на Црна Гора и државни и струкови институции на Република Србија.

Во своето обраќање до учесниците на состанокот, Вељко Бојовиќ, лицето кое привремено ја претставува и застапува Инженерската комора на Србија и претседател на Управниот одбор на Инженерската комора на Србија, истакна дека состанокот е можност да се иницираат и разгледуваат прашања важни за професијата и нејзиното усовршување, бидејќи обврска на членовите на ИИРС е да ја водат професијата напред, во чекор со технолошкиот развој и законските регулативи.

По воведните обраќања на Предраг Матовиќ, в.д. помошник-министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Секторот за просторно планирање и урбанизам и претседател на Надзорниот одбор на Инжинерската комора на Србија, Кристинка Чулак, потпретседателка на Извршниот одбор на Европскиот совет на синженерски комори и Чртомир Ремец, претседател на Инженерската комора на Словенија, програмата на состанокот реализирана е преку стручни презентации.

Стручните презентации ја истакнаа важноста од примената на дигитализацијата во водењето на Централна евиденција на обединети процедури (ЦЕОП), потоа во изработката и примената на планските документи (Е-план и Е-простор), како и во примената на Законот за посебни услови за евидентирање и упис на правата на недвижностите.

Посебен акцент е ставен на современи и стратешки важни проекти, како што се Експо 2027, Националниот фудбалски стадион во Белград, Белград на вода и Белградското метро, додека колегите од регионот ги презентираа своите искуства и добри практики во областа на дигиталната трансформација.

Состанокот целосно ја оправда својата цел – да биде платформа за размена на искуства и унапредување на праксата во областа на планирањето, проектирањето и изградбата, како и за разгледување на клучните прашања од законската регулатива.

Меѓу главните заклучоци, особено беше истакната потребата од формирање работни групи и формирање заеднички бази на податоци на ниво на регионални комори, што дополнително би ја зајакнало регионалната соработка, би ја подобрило размената на знаење и би ја олеснило примената на дигитални алатки, како и ускладување со современи регулаторни рамки.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија