Насловна / Вести / Градежен факултет – Скопје и Швајцарската амбасада со обука за управување на водните ресурси

Градежен факултет – Скопје и Швајцарската амбасада со обука за управување на водните ресурси

Градежен факултет успешно ја заврши Програмата за доживотно учење „ГИС и далечинска детекција за управување со водните ресурси“, организирана со поддршка на Швајцарската амбасада, во рамки на Програмата за подземни води.
Во текот на четири месеци и 150 наставни часа, 51 учесник од јавни институции, приватни компании и организации од граѓанскиот сектор ги унапредија своите знаења и професионални вештини во областа на управувањето, користењето и заштитата на подземните води.
Програмата ја реализираа 11 професори од три факултети, чие знаење и експертиза овозможија сеопфатно и интердисциплинарно образовно искуство за сите учесници. Изразуваме искрена благодарност до Швајцарската амбасада, сите предавачи, партнери и поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Посебна благодарност и до сите учесници за нивната посветеност, ангажираност и истрајност во текот на целата програма, упатуваат од Градежен факултет – Скопје.
Оваа програма претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на професионалните капацитети и промовирањето на одржливо управување со водните ресурси во Северна Македонија и пошироко.

Испрати коментар

Scroll To Top