Насловна / Архитектура / Турција гради музеј во знак на сеќавање на неуспешниот пуч

Турција гради музеј во знак на сеќавање на неуспешниот пуч

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да изгради нов музеј кој ќе биде посветен на неуспешниот обид за пуч од јули минатата година.

За новиот музеј е задолжено Министерството за култура на Турција, кое забрзано го подготвува „Музејот на 15 јули: Маченици и демократија“, како што ќе се вика новата институција што треба да почне да работи во јуни годинава.музеј турција2

Во зградата што се наоѓа во Караманказан, место во близина на главниот град Анкара, ќе бидат сместени постојани и привремени поставки посветени на „мачениците воини“ од воениот удар што се случи минатото лето, кога дел од турската војска направи обид за соборување на Ердоган.музеј турција

Најмалку 240 лица загинаа кога војници и тенкови излегоа на улиците на Анкара и Истанбул, но државниот удар не успеа откако илјадници турски граѓани се собраа бранејќи го Ердоган.

Уметници, карикатуристи и истакнати личности од културата беа меѓу триесет и петте илјади лица уапсени по овој неуспешен државен удар во Турција.

Во музејскиот објект на површина од 315 метри квадратни ќе има и библиотека, кафуле и продавница, кои треба да се отворат кон крајот на следната година. Според иницијативата за музејот, неговата цена ќе биде 10 милиони турски лири или околу 2,7 милиони американски долари.

Испрати коментар

Scroll To Top