Насловна / Градежништво / Спектакуларен аквариум од 2.000 кубни метри во музеј во Мајами

Спектакуларен аквариум од 2.000 кубни метри во музеј во Мајами

akvarijum vo majami_4

Како дел од Музејот на наука во Мајами ќе се смести и аквариум кој ќе биде исполнет со вода, но, исто така, и со животинскиот свет од океанот.
Грандиозниот проект тежок 275 милиони долари треба да заврши до почетокот на 2015 година, а кога посетителите ќе влегуваат во новиот Музеј на наука ќе бидат во можност да видат спектакуларен поглед – ајкули кои пливаат зад стакло со дебелина од 25 сантиметри.akvarijum vo majami_5
Аквариумот, кој ќе прима 2.000 кубни метри вода од океанот, ќе биде видлив од сите пет ката на музејот. Тој ќе биде отворен на горната страна, па ќе биде во можност да ја собира дождовницата. Музејот, исто така, ќе има дигитална купола во која ќе се прикажуваат интерактивни проекции.
Музејот на наука на 23.500 квадратни метри, што го опишуваат како „жива зграда“, е проект на американското архитектонско биро Grimshaw Architects.akvarijum vo majami_8 akvarijum vo majami_7 akvarijum vo majami_6 akvarijum vo majami_3 akvarijum vo majami_2 akvarijum vo majami_1

Испрати коментар

Scroll To Top