Насловна / Градежништво / Скопје може да биде центар за градски и приградски шински превоз

Скопје може да биде центар за градски и приградски шински превоз

predavanje za zeleznica na gradezen fakultet_5
Во Скопје наместо трамвај може да се направи лесен шински систем, зашто овој град има идеална позиција да прерасне во центар за градски и приградски шински превоз. Така скопскиот железнички систем би бил компатибилен со постоечкиот со другите градови.

Железничката инфраструктура во Македонија има перспективи и треба да продолжи да се развива како што тоа е пракса и во останатите европски држави. Особено Скопје како главен град и како мета на случувањата од сите сфери може да прерасне во центар за градски и приградски шински превоз. За сето тоа Градежниот факултет дава квалитетни кадри кои може да го проектираат. Ова беа заклучоците што произлегоа од предавањето под наслов „Железничката инфраструктура во Република Македонија, перспективи и развој“, а кое се одржа во духот на одредбите од Законот за високо образование и е едно од серијата на активности кои се поврзани со јубилејната година на Градежниот факултет, односно 65 години од почетокот со неговата работа.

predavanje za zeleznica na gradezen fakultet_3

На предавањето се анализираа значајни прашања како железничкиот систем во Европската Унија, стратегија, развој, цели, развојот на железничкиот систем во Македонија во насока на вклучување во системот на железниците на ЕУ и заокружување на развојот на железничката инфраструктура, коридорите 8 и 10.

Никола Димитровски од Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор вели дека земјите од ЕУ сè поголемо внимание посветуваат на изградба на нови и осовременување на постојните пруги и се формира систем од транс-европски мрежи за брзи пруги и за конвенционални пруги. „Македонската железничка инфраструктура е вклучена во мрежата на пан-европските коридори. На овие простори уште од 1887 година имало железничка врска со Солун и со Митровица, а сега се продолжува и со шинско поврзување на Македнија со Бугарија преку Коридорот 8. На оваа делница сите веќе изградени објекти во 90-тите години ќе бидат санирани, таму каде што има потреба, и ставени во функција“, објасни Димитровски.

predavanje za zeleznica na gradezen fakultet_2

Она што како интересна насока за идните конструктори на железница го посочи Димитровски е шинско поврзување на Скопје со Велес, Тетово и Куманово. „Во земјите од ЕУ веќе не се прави трамвај, туку во градовите се поставува лесен шински систем каде возилата се приспособени и оспособени за градски сообраќај. Затоа сметам дека и во Скопје наместо трамвај може тоа да се направи. Овој град има идеална позиција да прерасне во центар за градски и приградски шински превоз. Така скопскиот железнички систем би бил компатибилен со постоечкиот со другите градови. На тој начин овие четири градови би функционирале многу поедноставно, а резултатот од тоа би бил решавање на проблемот со автомобилите и автобусите. Луѓето многу побрзо би стигнале од Велес до Ѓорче Петров без притоа да менуваат превозно средство“, објасни Димитровски. (К.С.Т.)

Испрати коментар

Scroll To Top