Насловна / Вести / Швајцарците избраа напуштање на нуклеарната енергија и преминување на обновливи извори

Швајцарците избраа напуштање на нуклеарната енергија и преминување на обновливи извори

Повеќето швајцарски гласачи го поддржаа на референдум планот земјата полека да ја напушти нуклеарната енергија и да премине на обновливи извори.

Како што покажуваат проекциите на првите неофицијални резултати, мнозинството во кантоните го поддржа предлогот, односно 58 отсто гласале „за“, а 42 отсто се против откажувањето од нуклеарната енергија.

Планот подразбира поголемо производство од обновливи извори, намалување на зависноста од увозот, како и производство на енергија од ветер но и производство на енергетски поефикасни уреди и автомобили.швајцарија екологија

Во Цирих, швајцарскито кантон со најголем број жители, за новиот закон гласале над 60 отсто од гласачите, а во Женева над 70. Конечните резултати од референдумот се очекуваат подоцна вечерва.

Новиот енергетски закон нема конкретен датум за откажување од нуклеарната енергија, но нема да се градат нови нуклеарни централи. Наместо тоа ќе се промовираат обновливите извори на енергија, а потрошувачката на енергија по жител до 2035 година треба да се намали за 43 отсто.

Испрати коментар

Scroll To Top