Насловна / Вести / Ретроспективна изложба на Мена Спировска Менче во Музеј на град Скопје

Ретроспективна изложба на Мена Спировска Менче во Музеј на град Скопје

Во Музејот на град Скопје во тек е ретроспективната изложба на графичарката Мена Спировска Менче (1928 – 2011). Спировска дипломирала на Академијата за применета уметност во Загреб на сликарско-графичкиот отсек во 1955 година.

Во оваа пригода се потенцира дека особеност на нејзината присутност на ликовната сцена во Македонија е релативната краткотрајност и малиот број создадени дела, кои, од друга страна, се исклучително интересни во неколку насоки на согледување.izlozba-1

Во втората половина на 50-тите и во почетокот на 60-тите години од 20 век, таа била веројатно и најистакнатиот македонски графичар, која со истата техника ги актуелизирала формите на модерната уметност.

Во нејзините најособени дела, Спировска настојува да навлезе во особеноста на линеарната структура, особена за дрворезот; да го создаде сопствениот преплет на арабески и со него да формира некаква основна структура на површината и во сето тоа да ја вметне таинственоста на женскиот елемент.dsc0031_resize

Мена Спировска, позната како Менче, е сопруга на еден од основоположниците на македонската модерна уметност, сликарот и графичар Драгутин Аврамовски-Гуте, и има огромно влијание за истата таа модерност и еманципација на македонското општество, во периодот по Втората светска војна.1dca19d97353a4409ca48150f34efbee

Куратор на ретроспективната изложба е историчарот на уметност, Лазо Плавевски.

 

Испрати коментар

Scroll To Top