Насловна / Вести / Претставен новиот Tesla Roadster – најбрзиот автомобил на светот

Претставен новиот Tesla Roadster – најбрзиот автомобил на светот

Компанијата Tesla Inc, минатата седмица подготви вистински спектакл на кој беше претставен новиот спортски  автомобил Roadster, за кој извршниот директор Илон Маск изјави дека е најбрзиот сериски произведуван автомобил во историјата. Имено, презентирањето на новиот автомобил остана тајна за јавноста се до настанот, кој бил всушност предвиден за промовирање на новиот камион на електричен погон на истата компанија. Но, при презентацијата на камионот, од неговата приколка се истоварил новиот Roadster.

Tesla 2

Презентацијата на овој нов производ предизвика воодушевување кај публиката, но истовремено и негодување кај некои аналитичари кои се незадоволни поради бројните нови проекти на компанијата, додека се доцни со производството на нарачаните количини на Model3 (автомобил за широк пазар и по релативно пристапна цена, неопходен за обезбедување стабилен приход за финансиски одржливо работење). Новиот автомобил има домет од 1000 километри со едно полнење на батеријата, и максимална брзина од 400km/h. Постигнува забрзување од 0 до 100 километри за неверојатни 1,99 секунди.  “Ќе можете да патувате од Лос Aнџелес до Сан Франциско и назад со едно полнење на батеријата. Поентата е да се зададе сериозен удар на возилата на фосилни горива“ рекол Маск по повод промоцијата, додавајќи дека наскоро возењето на автомобили на фосилни горива ќе потсетува на управување со парна машина.

tesla 3

 

Испрати коментар

Scroll To Top