Насловна / Вести / Mинистерот Шапуриќ во посета на Комората на инженерите и архитектите

Mинистерот Шапуриќ во посета на Комората на инженерите и архитектите

Inzeneri

Подготовка за измени и дополнување на Законот за градење и на Законот за просторно и урбанистичко планирање за подобрување на инвестиционата клима за домашните компании во Македонија и измени и дополнувања на Законот за градење во делот на категоризација на градбите заради зголемување на квалитетот на инженерските услуги, беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, професор д-р Миле Димитровски и министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестиционата клима за домашните компании, д-р Зоран Шапуриќ.

„На средбата, која се одржа во Комората, се разговарше и за измени и дополнувања за работата на Комората (издавање на овластувања, нивна категоризација според спецификите на образованието по Болоња), донесување Правилник за нормативи за урбанистички и градежни активности (порано нарекуван тарифник – ценовник на инженерските услуги) и барање за интензивирање на соработката со Министерството со зголемување на активностите за урбанизам, градежништво и архитектура“, рече претседателот на Комората, Димитровски.

Министерот Шапуриќ дава целосна поддршка за работата на Комората, посебно во однос на воведувањето на континуирана професионална дообука на членството и меѓународната соработка со соседните држави и пошироко, со кое може да се подобри инвестиционата клима за домашните компании.   „Како министер давам целосна поддршка на сите активности во насока на подобрување на законските решенија опфатени со Законот за градење и со Законот за урбанистичко и просторно планирање. Затоа, сите институционално подготвени предлози од Комората ќе ги прегледаме и ќе ги движиме низ процедурите на системот, заедно со надлежното Министерство за траспорт и врски“, рече Шапуриќ.   Според него, инженерите и архитектите се значаен дел од државата и затоа, тој се надева на успешна и плодна соработка со Комората, бидејќи таа треба да се потпира на архитектите и инженерите во својот натамошен развој. Министерот ја поздрави и активноста на одржување на генерално собрание на Советот на инженерски Комори од Европа и други меѓународно собири во Скопје, со надеж дека тоа ќе ја унапреди работата на Комората во европски рамки.

На средбата, освен претседателот на Комората и министерот Шапуриќ, присуствуваа раководители на професионални одделенија, членови на професионалнои оделенија за урбанизам, архитектура, градежништво, машинство, електротехника. Димитровски ја презентираше Комората и нејзината програма за работа во 2017 годиа.

Испрати коментар

Scroll To Top