Насловна / Арт и дизајн / Кинеските археолози пронајдоа огромно богатство во Сечуан

Кинеските археолози пронајдоа огромно богатство во Сечуан

Повеќе од 10 000 златни и сребрени артефакти, вклучувајќи монети и накит, беа извадени од дното на реката во кинеската провинција Сечуан, соопштија кинеските медиуми. Археолозите тврдат дека богатството е старо повеќе од 300 години и се однесува на времето на династијата Минг (1368-1644 година).кина археологија

Меѓу пронајдоците има и оружје, односно мечеви, ножеви, копја. Се претпоставува дека богатството потонало на дното на реката Минцјан во 1646 година, кога биле испратени војници да го спречат востанието организирано од локалниот владетел Џанг Сјанчџун.кина археологија1

Се проценува дека за време на борбите потонале околу 1000 чамци со кои бунтовничкиот лидер решил да го пресели богатството на безбедно место. „Предметите се исклучително вредни за науката, историјата и уметноста. Тие имаат големо значење за истражувањето на политичкиот, економскиот и социјалниот живот за време на династијата Минг“, објаснува пред кинеската новинска агенција Ксинхуа, еден од археолозите кој работи на Универзитетот во Пекинг.

Археолозите работат на локалитетот од месец јануари и очекуваат да извадат речиси се, веројатно до април.

Испрати коментар

Scroll To Top