Насловна / Архитектура / Италија бесплатно нуди замоци и вили за да ги спаси

Италија бесплатно нуди замоци и вили за да ги спаси

За сите кои сонувале да поседуваат замок, можеби баш сега се јавува таква можност, откако италијанските власти објавија дека бесплатно нудат 103 замоци и вили низ земјата, на оние што би можеле да се грижат за нивно одржување, со цел да ги спасат од пропаѓање, пишува британски „Метро“.zamoci1

Потенцијалните сопственици треба да се согласат да ги уредат историските градби и нивната околина, на таков начин, за тие да влијаат позитивно врз туризмот. Од нив се бара и да искористат дел од имотите за отворање на хотели, ресторани, продавници и луксузни центри за убавина.zamoci3

Овие мерки се дел од „стратешкиот план за туризам“, чија цел е промовирање на туризмот во Италија, надвор од веќе постоечките туристички центри. Имотите, меѓу кои има некогашни манастири и тврдини, се наоѓаат главно во зафрлени делови од земјата.zamoci2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top