Насловна / Вести / Граѓаните ќе избираат идејно решение за плажа на Охридското Eзеро

Граѓаните ќе избираат идејно решение за плажа на Охридското Eзеро

ohrid idejna plaza

Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа која се наоѓа на Охридското Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
За таа цел, Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница креира јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.
Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради согласно највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши еко-интегритетот на околината.
По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.

Испрати коментар

Scroll To Top