Насловна / Вести / Големиот корален гребен во драматична опасност од неговото разградување

Големиот корален гребен во драматична опасност од неговото разградување

golem koral vo avstralijaИзбелувањето на коралите на австралискиот Голем корален гребен е посериозно од она што се мислеше и уште повеќе ќе се забрза ако не се преземат мерки за да се намали испуштањето на стакленички гасови, предупредуваат научниците.

Големиот корален гребен долг 2.300 километри е сместен на листата на светски природни наследства на УНЕСКО.

Минатата година неговото разградување се забрза најмногу, откако почна да се следи тој процес, и тоа заради подигање на температурата на морето во март и април.golemiot koral

Почетните истражувања од воздух и од море покажаа дека во 2016 година се разградени 22 отсто од коралите во плиткото море. Сега е утврдено дека е уништен уште поголем дел од екосистемот на коралот, дури 29 отсто, а неговата перспектива е прилично песимистичка, со оглед дека втора година по ред гребенот „се избелува“, што е без преседан во неговата историја.

Испрати коментар

Scroll To Top