Насловна / Вести / Во Комората се одржаа Работилници за Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

Во Комората се одржаа Работилници за Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

На 5. и 6. мај 2023 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Министерството за транспорт и врски (МТВ) и Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) се одржаа две Работилници за Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирањепрвата. Првата Работилница беше за задолжителна примена на Тарифникот од страна на Договорните органи при објавување и евалуација на Огласи за јавни набавки, како дел од серијалот на планирани работилници. Работилницата беше наменета за претставници од секторите / одделенијата за урбанистичко планирање на единиците за локална самоуправа.

4

Со поздравен говор се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората ОАИ, а свои излагања имаа: Михаел Димитровски, диа, раководител на Одделение на урбанисти и планери; Ана Ѓорѓиоска, Министерство за транспорт и врски, Советник за урбанизам и градежни работи; Д-р Душица Трпчевска Анѓелковиќ, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за просторно планирање при Агенцијата за планирање на просторот; Дурим Фетаху, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за урбанизам при Општина Дебар; Д-р Жаклина Ангеловска, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, изработувач на Тарифникот и Калкулаторот и Илина Лалкова, диа, Министерство за транспорт и врски, помошник раководител на Сектор за уредување на просторот.

3

На првата Работилница присуствуваа осумдесетина претставници од голем број општини, Агенцијата за планирање на просторот, Јавните претпијатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и од Бирото за јавни набавки. Присутните имаа можност да се стекнат со детално запознавање за примена на Тарифникот од аспект на распишување и евалуација на Огласи за јавни набавки, како и склучување на Договори со Економските оператори.

5

Втората Работилница беше наменета за претставници од Економски оператори – Планерски куќи и Планери. Присуствуваа триесетина претставници на Економски оператори – Планерски куќи и Планери, кои воедно се и членови на Комората. Присутните имаа можност да се стекнат со детално познавање за примена на Тарифникот од аспект на составување на Понуди и склучување на Договори за работи од урбанистичкото планирање и проектирање.

6

Присутните на работилниците разменија искуства во досегашната примена на Тарифникот, а од дискусиите и практичната работа се здобија со информации кои ќе послужат за изработка на Прирачник за примена на ценовникот, и/или негово дополнување, како и за преземање на идни чекори во насока на усогласување и подобрување на законската регулатива.

Прирачникот би бил изработен и електронски дистрибуиран од Комората, во текот на 2023/2024 година.

1 9 7 2

Испрати коментар

Scroll To Top