Насловна / Архитектура / Павилјонот на Србија на Експо 2025

Павилјонот на Србија на Експо 2025

Концептот на Aleatek бирото од Хонг Конг, наречен „Пловечка шума“, е прогласен за победник на конкурсот за српскиот павилјон на светската изложба Експо 2025, која наредната година ќе се одржи во јапонскиот град Осака.

Со површина од 828 квадратни метри, павилјонот има за цел да ја интерпретира српската култура и природниот пејзаж преку неговиот архитектонски израз. Стратегијата за дизајн е исто така во согласност со темата „Играј за човештвото“, слоганот на претстојната специјализирана изложба Експо 2027 во Белград.

Големиот воен остров како инспирација

Српскиот павилјон за Експо 2025 во Осака, планиран на парцела од 928 квадратни метри, проектиран е со желба да ја покаже кохерентноста помеѓу културното и природното наследство на земјата и нејзиниот придонес во науката и глобалниот развој.

Неговиот дизајн е инспириран од „Големиот воен остров“, заштитен парк на природата во срцето на Белград, т.е. контрастна ситуација што преклопува густата урбанизација и недопрените природни пејзажи.

Павилјонот е сместен на Западниот влез и т.н Earth Plaza, служи како „фокусна точка со отворени пејзажни карактеристики и содржини за слободно време“, објаснуваат од бирото Aleatek, чиј директор и основач е италијанскиот архитект со српско потекло, Данило Тревисан.

Првиот кат интегрира јавни, канцелариски и мултифункционални простори, вклучувајќи ресторан, продавница за подароци, конференциска сала и канцеларии. „Овој распоред ја подобрува пристапноста и служи како community hub за посетителите на Експо“, велат архитектите.

Посетителите можат да се качат со лифт или живописни скали до вториот кат, каде што има изложба на итеративни теми, а оваа секција се вика „Разиграна Србија“. Патувањето низ изложбата вклучува интерактивна содржина, која кулминира во централна градина, видлива од фасадата на павилјонот.

Архитектите истакнуваат дека павилјонот е проектиран имајќи го предвид системот за расклопување, интегриран уште од раната фаза на проектирање. Тие велат дека овој пристап е конзистентен со принципите на дизајн за одржливост, нагласувајќи ја приспособливоста, расклопувањето и рециклирањето.

„Тој ја одразува глобалната перспектива на кружната економија, фокусирана на промоција на обновливите извори на енергија во специфични еколошки, економски, социјални и културни контексти“, објаснуваат од бирото.

Идната визија за одржлив дизајн

Дуалноста во дизајнот на „Пловечката шума“ промовира одржливи решенија и здрави концепти на микроклима, поттикнувајќи хармонија помеѓу природните и урбаните карактеристики за да се создаде побогат екосистем.

„Изложената зелена фасада нуди извонредно корисничко искуство засновано на природата како во затворено, така и на отворено, отворајќи го патот за хармонични технолошки решенија во интегриран зелен дизајн, ефикасни енергетски перформанси и одржување“, велат од Aleatek и додаваат: „Овој концепт ја доведува во прашање архитектурата и стратегиите на изградба, одразувајќи ја идната визија на одржлив дизајн. Додека фасадата е геометриска претстава на урбано шумарство со природни елементи, внатрешноста ги носи посетителите на уште едно патување низ врвна естетика и иновации, претставувајќи хармонична визија за разновиден иден живот“.

Испрати коментар

Scroll To Top