Насловна / Вести / IEA: Кризата има потенцијал да ја забрза транзицијата кон одржливи и посигурни енергетски системи

IEA: Кризата има потенцијал да ја забрза транзицијата кон одржливи и посигурни енергетски системи

Енергетската криза предизвика најголеми шокови на пазарите на природен гас и електрична енергија, како и значајни превирања на пазарите на нафта и нафта, соопшти IEA.  Пазарите на енергенти се и натаму исклучително ранливи на геополитичките ризици, а кризата е потсетник на неодржливоста на моменталниот глобален енергетски систем, предупредува IEA во годишниот извештај World Energy Outlook  за 2022 година. Во анализата се споменува дека постојат огромни неизвесности околу тоа како ќе се развива кризата и колку долго цените на фосилните горива ќе останат високи, во пресрет на нови геополитички фрагментации и други ризици.

iea20221

Годишната анализа претставува критички увид во глобалната понуда и побарувачка од енергија во различни сценарија и импликациите на енергетската сигурност, климатските цели и економскиот развој. Притоа, IEA го поставува прашањето дали кризата ќе биде препрека за премин кон чиста енергија, или катализатор за поголема акција? Како реакциите на владите би можеле да ги обликуваат енергетските пазари? Кои ризици во однос на енергетската безбедност се пред нас на патот кон нето нулта емисии? Според IEA, максимумот на глобалните емисии од фосилни горива ќе следи околу 2025 година, додавајќи дека меѓународните енергетски пазари ќе минат низ длабока трансформација во текот на оваа деценија. За потрошувачите на гас, претстојната зима на северната хемисфера ќе биде тест за солидарноста во ЕУ, додека зимата 2023/24 би можела да биде уште потешка, порачуваат авторите на извештајот.  IEA оптимистично прогнозира дека вкупната побарувачка за фосилни горива константно ќе опаѓа од средината на оваа деценија, па до 2050 година.

iea20222

Денешните стапки на раст за користење на соларната и енергијата од ветерот, електричните возила и батериите, доколку с еодржат ќе доведат до многу побрза трансформација отколку што е првично предвидено. Синџирите на снабдување за технологиите на обновливите извори на енергија се шират со брзина која поддржува поголеми глобални амбиции, се вели во извештајот. IEA  истакнува дека итно се потребни големи меѓународни напори за да се урамнотежи распределбата на вложувањата во чиста енергија, помеѓу развиените економии и оние во развој. Периодот на опаѓање на фосилните горива и ширењето на системите на чиста енергија коегзистираат, а двата система можат добро да функционираат во текот на енергетските транзиции, што владите и креаторите на политики треба да го ускладат. Од друга страна, мора да се избегнат шоковите кои произлегуваат од високите и променливи цени на материјалите  и другите трошоци долж високо специјализираните синџири за снабдување.  Тоа што е заедничко за сите предвидувања на IEA е дека уделот на електричната енергија во глобалната финална потрошувачка на енергија ќе продолжи да расте, далеку над 20% колку што изнесува денес. jСветот не инвестираше доволно во енергетиката во последните години, што е една од причните за ранливоста во текот на оваа криза. Несомнено, трајните добитници во кризата се на страната на енергетските извори со ниски емисии, а во некои случаи и нуклеарните технологии.  Ова е криза во која енергетската транзиција претставува решение, а не проблем, заклучува  IEA.

iea20223

Испрати коментар

Scroll To Top