Насловна / Вести / Градежниот отпад, потенцијален game changer за индустриите погодени од CBAM механизмот

Градежниот отпад, потенцијален game changer за индустриите погодени од CBAM механизмот

Со воведувањето на CBAM механизмот, усвоен од страна на Европскиот парламент на крајот на минатата година, компаниите од шест индустрии (цемент, железо и челик, електрична енергија, алуминиум, ѓубриво и водород) од почетокот на 2026 година, ќе мора да плаќаат данок на јаглерод диоксид доколку сакаат да ги извезуваат своите производи во ЕУ. Транзицискиот период, во кој оваа обврска ќе биде ограничена само на известување, почнува веќе од 1-ви октомври оваа година. Претставниците на засегнатите компании во регионот, реагираат дека останува малку време за прилагодување.

gamechanger1

Примерот на цементната индустрија покажува дека не постои едноставно решение, ниту пак единствена технологија со чија примена емисиите на јаглерод диоксид би можеле да се неутрализираат. Тоа може да се направи само доколку истовремено се применат повеќе мерки и се обезбеди соработка со други индустрии и поддршка на регулаторите, првенствено кога станува збор за достапноста на алтернативни енергенти и суровини. Компанијата за цемент Lafarge поставила за цел најдоцна до 2030 година емисиите на јаглерод диоксид да ги намали за 55%, а до 2050 година да достигне јаглеродна нутралност. На намалувањето на јаглерод диоксидот веќе се работи преку користење на отпадот како алтернативно гориво, алтернативни суровини, проиводство на нискојаглероден цемент и намалување на потрошувачката на енергија во производниот процес.

gamechanger2

Во псоледниот период се укажува и на можноста и потенцијалот за користење на градежниот отпад. Имено, станува збор за огромни количини на отпад од градежните активности, кои не само што значително ќе ги намалат емисиите, туку и ќе овозможи повеќекратни бенефити во развојот на циркуларната економија.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top