Насловна / Вести / Со голема парада во Рим, Vespa прослави 80 години

Со голема парада во Рим, Vespa прослави 80 години

Илјадници влубеници во популарната Vespа, ги преплавија улиците на Рим, по повод одбележувањето на 80 годишнината од создавањето на најпознатиот скутер на светот. На манифестацијата се претставени над 160 модели кои го прикажуваат развојот на Vespa од 1946 година до денес.

Шарената колона на скутери го исполни историскиот центар на италијанската престолнина, каде се собрале околу 25.000 возачи од 67 земји. Манифестацијата Vespa Roma 2026 – 80 years of an icon, која се одржа од 25 до 28 јуни, го претвори Рим во светски центар на италијанската мотокултура. Најимпресивниот дел од прославата е одржан во саботата наутро со голема парада низ градот. Но, прославата не била ограничена само на возењето низ Рим. Во склоп на комплескот Vespa Village, поставено ан стадионот  Stadio dei Marmi во спортскиот комплекс Foro Italico, организирана е богата програма со бесплатен влез за посетителите. Концерти, изложби, богата поставка на фотографии, како и ретки историски примероци од Piaggio музејот, биле само дел од понудените содржини.

Овој меѓународен настан не само што одбележил 80 години од еден од најуспешните италијански производи, туку покажал дека Vespa и денес успешно поврзува различни генерации, култури и стилови на живот.

Испрати коментар

Scroll To Top