Насловна / Форум / Стоиме во место и ја чекаме 2014 која ќе не врати во историјата

Стоиме во место и ја чекаме 2014 која ќе не врати во историјата

kaljopi.jpgПрашањето низ кое е проткаено
минатото и сегашноста на
македонската архитектура
и уметност како вонвременска
димензија, се рефлектира врз
сложената динамика на денешнината,
вкучувајќи ја 2014, годината која
ќе ги разруши сите архитектонски
стилови. Македонската архитектура
се состои од елементи кои се
разликуваат меѓу себе и имаат
карактеристики според кои се
утврдува нивната врска и континуитет
во развојот на архитектонските
објекти.

Сето тоа ни донесува
заклучок преку кој се трансформира
развојниот процес на 21 век,
тотално ослободен од односот кон
традицијата, предаден на фактот што
навраќајки се кон минатото, 2014
ќе донесе атрактивна содржина
која никако нема да се вклопи ниту
во времето, ниту во местото.
Која е таа цивилизација, без сопствен
стил, која се уште талка низ времето,
им се спротиставува на временските
тенденции, актуелизирајќи го
судирот на традициите од исток
и запад? Имајќи предвид дека
векот кој помина не успеа да
создаде и да остави заокружен
и посебно именуван стил како
производ на одредено затворено
историско време, профилот на
македонската архитектура треба
да биде разгледуван од страна на
национални компоненти. Впрочем,
тоа се именувани историски
стилови, како и надворешните
влијанија од општествена природа.
Истото се случува и во овој
век, директното преземање на
готови стилски артикулирани
модели се воведува како главна
карактеристика во профилот
на македонската архитектура.
Апсурдно е да се зборува за тоа
како СК 2014 визуелно ќе делува,
или како ќе се наруши поимот за
историски развој. Уште помалку
да се зборува за типологијата што
содржи во себе карактеристики
на организација и местоположба,
затоа што архитектонските
реализации од тој период нема
да соодвествуваат на просторот и
времето, неизбежно ќе делуваат
и визуелно ќе го нарушуваат
просторниот амбиент. Различното
третирање на просторот низ
целиот тој процес донесува нова
карактеристика која ќе биде
водена низ целиот тој профил.
Низ самиот континуитет и развој
доаѓа до отуѓување на историскиот
развој, отсуство на просторните
доминанти кои се во функција
на дефинирање на просторот.
Во процесот на компаративно
согледување во 2014 ќе се
реализираат најмаркантните
објекти на град Скопје, во судир
со различни временски
периоди, специфични
естетски пунктови,
потпишувајќи се како
историско паметење
низ кое Македонија ќе може да ја
има историјата кога и да посака.
Во времето кое успеа да ни го
покаже вистинскиот пат кој развојот
на сопствен историски идентитет
низ времето на македонската
архитектура од крајот на 19 век
и периодот помеѓу двете светски
војни, иако не успеаевме да
создадеме свој стил сепак имаше
тенденција кон остварување на сето
тоа. Дефинирањето на сложената
архитектонска морфологија,
нејзините промени и изрази
воведуваат и нови декоративни
елементи кои ги поврзуваат со
европските влијанија на Балканот.
Дефинирањето на поимот
традиција, претставува процес на
интерграциски континуитет на
содржини кои се однесуваат на
културата и претставуваат директен
услов за реализација на современата
култура како самостоен систем.
По катастофалниот земјотрес во
Скопје се отвори нова прилика за
интензивно развивање на градот во
контекст на временските влијанија и
тенденции. Тогаш Модерната беше
на чекор да го урбанизира градот
како целина, но со креирањето
архитектонските објекти се сведуваа
на движења со различни ставови
за просторот. Сега, не е ништо
поинаку. Ни се случува истата
ситуација, повторно се наоѓаме
во состојба да бележиме време
кое е поминато со векови и кое
не ни дозволува да склопиме една
целина која ќе ја репрезентира
културата и идентитетот на нашиот
народ. Моментно стоиме во место
и истовремено ја очекуваме 2014
која повторно ќе не врати во
историјата. Тоа не ни дозволува
да се движиме по линијата на
времето, туку стоиме заробени
во нереални ставови за 2014, кои
се микс од различни дефиниции,
незрелоста за поимот на изразот
и формите, непрепознавањето
на архитектонско¬стилските
влијанија и сите влијателни
фактори кои директно или
индиректно ја погодуваат
архитектурата, а со тоа се одразува
на идентитетот на еден народ.

 

Kалапоцева Каљопи,

Постдипломец на Факултетот за Архитектура и дизајн При Универзитетот American Collage

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top