Насловна / Екологија / Акција за собирање на електричен и електронски отпад во Куманово

Акција за собирање на електричен и електронски отпад во Куманово

od-1-januari-trgovcite-kje-mora-da-se-grizhat-i-za-elektronskiot-otpad-172446
Кумановци ќе можат да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад. На градскиот плоштад е поставен контејнер каде што граѓаните, но и фирмите ќе можат да се ослободат од стариот и неупотреблив е-отпад (компјутери, принтери, фотокопири, мобилни телефони, кабли, полначи, акумулатори, батерии, телевизори, фрижидери, шпорети).
Акцијата ја организира Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во повеќе општини во државата, а во согласност со Законот за електронски и електричен отпад. Акцијата е планирано да продолжи и во другите градови низ државата, со цел примена на Законот, кој е донесен уште пред две години, преку подигање на свеста кај населението за проблемите поврзани со овој вид отпад.

Испрати коментар

Scroll To Top