Насловна / Архитектура / „Тесна куќа“: Оваа зграда во Загреб е широка само 3,25 метри

„Тесна куќа“: Оваа зграда во Загреб е широка само 3,25 метри

Номинирана за наградата „Драго Галиќ“, која ја доделува Здружението на хрватски архитекти (УХА) за најуспешно остварување во областа на станбената архитектура, оваа зграда е создадена во многу специфичен контекст, што влијаело како на наејзиното архитектонско обликување, така и на наејзиното име.

Станува збор за „Тесната куќа“ во загрепската Цветна населба, проект на локалното биро „Вулин & Илековиќ архитекти“, чиј проект идејно произлегол од урбанистичката можност за изградба на полувградена градба потпрена на постоен станбен објект.

Внатрешна ширина на просторот 2,65 метри

Како што објаснуваат загрепските архитекти, дополнителни мотиви за изборот на локацијата биле атрактивноста на положбата во зона опкружена со пешачки површини и јужната ориентација на подолгата фасада која гледа на паркот.

„Урбанистичките услови овозможија градба во склад со димензиите на двете соседни куќи, а оддалеченоста од работ на парцелата е три метри. Според тоа, внатрешната ширина на просторот е 2,65 метри, а ширината на потесната фасада е 3,25 метри. Просторниот концепт се заснова на полуетажи“, наведуваат авторите на проектот.

Како што понатаму објаснуваат од бирото, зградата е проектирана како завршеток на следот од два помали станбени објекти во низа.

„Поради близината на границата на парцелата, со проектот се бараше поволен сооднос меѓу полното и застакленото, за корисникот да нема чувствуво на изложеност, а во исто време да се овозможи поглед на околното зеленило и да се спречи прекумерната инсолација“, велат архитектите.

Покрај тоа, со поставување на топлинска пумпа, добра топлинска изолација и застаклување со висококвалитетно стакло значително се намалени трошоците за користење, додека подрум не е проектиран поради високото ниво на подземни води.

Разлновидност на внатрешните простори

Авторите истакнуваат дека теснотијата на избраната локација делумно се компензира со ориентацијата на три страни, што дава разновидност на внатрешните простори и можност за визура на зеленилото на училишното игралиште на исток, јавниот парк на југ и дворот кој го зафаќа западниот дел од парцелата.

„Натур бетон (природен и боен) и вградените елементи од шперплочи од дрво бреза, доминираат во внатрешноста како завршни материјали. Подните површини се обложени со керамички плочки“, велат архитектите од бирото „Вулин и Илековиќ“.

Во образложението на жирито на УХА за номинацијата на „Тесна куќа“, архитект Ива Мартинис истакнува дека со внимателната перфорација на површините се компензира недостатокот на физичка димензија одвнатре, се афирмира симетријата на поединечна просторија и „негира аголот “.

„Секој отвор, дефиниран одвнатре со дрвени шпалетни, станува автономен простор на мирување. Вертикалната комуникација зад себе го крие тампонот кон соседот, а при врвот изненадување – мала библиотека на сред скалшен крак. Како токму тие скали да ни служат како средство за организирање на редоследот на животните процеси: секојдневно внатрешно забавување кон врвот во вечерните часови и забрзување кон излезот наутро“ – заклучува Мартинис.

Испрати коментар

Scroll To Top