Насловна / Вести / Олимписки игри 2024 – одржливост во секој сегмент од организацијата

Олимписки игри 2024 – одржливост во секој сегмент од организацијата

Ова лето Париз ќе биде домаќин на над 10.000 спортисти и бројни посетители на Олимписките игри 2024. Настан од вакви размери бара голема количина ресурси и енергија, но организаторите се потрудиле еколошкиот отпечаток да биде што помал, користејќи ги принципите на циркуларната економија.

Како што е соопштено на официјалниот сајт на Олимписките игри Париз 2024, организаторите најпрво го пресметале „материјалниот отпечаток“ на Игрите, односно зборот на сите ресурси кои е неопходно да се мобилизираат за потребите на настанот. За да се обезбедат овие ресурси, организаторите примениле стратегија на одговорно купување, дефинирана во 2019 година, благодарение на која 90% од 6 милиони користени елементи ќе бидат превземени од страна на добавувачите и партнерите после Игрите, а останатите 10% ќе бидат во надлежност на Организациониот одбор на Олимписките игри. При набавката на сите неопходни елементи – од седишта за гледачи, шатори, кревети, знамиња, спортска опрема и сл., органзаторите им дале предност на добавувачите кои задоволуваат низа еколошки стандарди. Рециклирањето не е изоставено ни кога се во прашање подовите, бидејќи над 33.000m2 спортски подлоги ќе содржат околу 35% рециклирани материјали и ќе бидат 100% рециклабилни. Употребата на пластика за еднократна употреба ќе се намали за 59% во споредба со Игрите во Лондон 2012 година.

Наместо купување на спортска опрема, Париз 2024 година му дава предност на изнајмувањето, па така од вкупно 2 милиони артикли, 75% ќе бидат позајмени од спортските сојузи/ Исто така, ќе биде изнајмена и 75% од електронската опрема, како и 100% од трибините, шаторите и бунгаловите. Што се однесува до изградбата ан потребната инфраструктура и објекти, дури 95% ќе се користат постоечките. Игрите се така структурирани со цел максимално да ја искористат постоечката мрежа на јавниот превоз, а ќе бидат изградени и над 400km нови велосипедски патеки. Некои од мерките за одговорно управување со храната вклучуваат иудвојување на уделот на растителни состојки во оброците, набавување на состојки од локално производство и намалување на отпадот од храна со подобра проценка на потребнитеколичини и со компостирање.

Испрати коментар

Scroll To Top