Насловна / Архитектура / Рикен Јамамото добитник на наградата Прицкер за 2024 година

Рикен Јамамото добитник на наградата Прицкер за 2024 година

Земја со најголем број добитници на Прицкер е Јапонија. Уште еден јапонскиот архитект, Рикен Јамамото, прогласен е за лауреат на овогодинешната Прицкерова награда за архитектура, која ја доби за своите згради кои се, како што е истакнато, „позаднина и прв план на секојдневниот живот“.

Роден во 1945. година, Јамамото е 53. по ред добитник на оваа престижна награда и воедно деветти од Јапонија, а својоа трага во архитектурата остави пред се со проекти кои имаат за цел негување на заедницата.

1

Идеали применливи на идните градови

Жирито, предводено од чилеанскиот архитект и добитник на Прицкеровата награда за архитектура 2016. година, Алехандро Аравена, верува дека многу од идеалите во работата на Јамамото, вклучително и заматувањето на јавните и приватните простори, може да се применат во идните градови.

2

Еден од првите проекти на Јамамото, неговата сопствена куќа „Газебо“; Ryuuji Miyamoto

„Една од работите што ни се најпотребни во иднината на градовите е создавање услови преку архитектурата која ги умножува можностите луѓето да се соберат и да комуницираат“, објасни Аравена, а пренесува Dezeen.

3

Hotakubo Housing, неговиот прв проект за социјални станови

Од приватни куќи до противпожарни станици

Во текот на својата пет децении долга кариера, Јамамото изградил бројни приватни куќи, станбени проекти, училишта, универзитетски кампуси, јавни згради, музеи, па дури и противпожарна станица.

Роден во Пекинг, Кина, Јамамото студирал архитектура на Универзитетот Нихон, Универзитетот за уметности во Токио и Универзитетот во Токио пред да основа сопствено студио – Yamamoto & Field Shop Co – во 1973 година.

Неговите рани куќи ја вклучуваа вилата Yamakawa во 1977. година, која беше распоредена околу голема покриена тераса, и неговата сопствена куќа „Газебо“ во Јокохама во 1986. година, која вклучува отворени тераси и дворни простори.

4

Vila Yamakawa

Поголемите проекти за домување што следеле проектирани се на слични принципи, со цел да се поттикне интеракцијата помеѓу жителите.

Неговите најпознати станбени проекти вклучуваат ниски објекти Pangio Housing во Сеонгнам, Јужна Кореја, која располага со заедничка платформа на првиот кат за жителите.

Првиот проект за социјални станови на Јамамото, Hotakubo Housing во Кумамото, Јапонија, содржи 110 домови распоредени околу централниот плоштад со дрворед.

5

Терасите ги поврзуваат училниците во основното училиште Којасу

Други значајни проекти

Други клучни примери на неговиот етос вклучуваат Универзитет во Хакодате, кој има голем отворен простор за учење на повеќе нивоа и Музејот на уметност Јокосука, кој е сместен под закривена платформа за набљудување.

Основното училиште Којасу има тераси што ги поврзуваат сите училници, додека библиотеката во Тијанџин, Кина има бројни катови и меѓукатови уредени да содржат колекција од шест милиони книги.

6

Музејот на уметност Јокосука

Испрати коментар

Scroll To Top