Насловна / Вести / Регионите за јаглен во Бугарија добија 1,2 милијарди евра грант од ЕУ за праведна транзиција

Регионите за јаглен во Бугарија добија 1,2 милијарди евра грант од ЕУ за праведна транзиција

Бугарија ќе добие 1,2 милијарди евра од Фондот за преведна транзиција (Just Transition Fund  – JTF), откако Европската комисија ги одобри нејзините територијални транзициски планови. Грантот е наменет за помош за создавање на нови работни места и нови економски активности во јагленовите региони на Стара Загора, Ќустендил и Перник, со цел да се напушти јагленот.

Abandoned town

Попрецизно, станува збор за доквалификација, преквалификација и отворање на нови можности за вработување за над 15.000 работници. Исто така, 2190 хектари земјиште ќе биде трансформирано во индустриска област за обновливи извори на енергија. Плановите предвидуваат технологии како фотонапонски електрани, биогас, водород, виртуелни електрани и индустриски паркови за чисти технологии.

jtf1

Конечно, фондот ќе ја поддржи диверзификацијата на локалните економии со инвестирање вбо мали и средни претпријатија (МСП), како и во истражувањето и развојот на циркуларна и климатски неутрална технологија. Енергетски ефикасните мерки во резиденцијалните згради се фокусирани на енергетски сиромашните домаќинства и ранливите потрошувачи. Исто така JTF е насочен кон поддршка на прозјумерите и воспоставувањето на енергетски задруги. Регионот на Стара Загора, има рудници за јаглен и четири термоцентрали. Мерките опфаќаат дессетте општини во овој регион.

Вкупно 96 региони во Европа имаат добиено поддршка од над 19,2 милијарди од овој Фонд, за 70 планови за транзиција на јагленовите региони.

Испрати коментар

Scroll To Top