Насловна / Вести / Построги стандарди за квалитетот на воздухот во ЕУ

Построги стандарди за квалитетот на воздухот во ЕУ

Претседателството на Советот и претставниците на Европскиот парламент, постигнаа привремен договор за предлогот да се постават нови стандарди за квалитетот на воздухот во ЕУ, со цел достигнување на целта за нулто загадување. На овој начин ќе се придонесе во креирањето на здрава животна средина во ЕУ до 2050 година. Новите правила треба да постават подобрени стандарди за квалитетот на воздухот на ЕУ за 2030 година, во вид на гранични и целни вредности кои се поблиску до насоките на Светската здравствена организација и кои редовно ќе се ревидираат.

air1

Ревидираната Директива опфаќа голем број супстанции кои го загадуваат воздухот, вклучувајќи PM 2,5 и PM 10, азот диоксид, сулфур диоксид, потоа арсен, олово и друго, воспоставувајќи посебни стандарди за секој од нив. На пример, годишните гранични вредности на загадувачите со најголемо забележано влијание врз здравјето на луѓето, PM 2,5 и азот диоксидот, би се намалиле од 25 µg/m³ на 10 µg/m³ и од 40 µg/m³ на 20 µg/m³. Ќе остои можност од одредени причини и под строги услови, државите членки да можат да побараат одложување на рокот за достигнување на граничните вредности на квалитетот на воздухот. Тоа може да го сторат до 31 јануари 2029 година. Одложувањето ќе биде можно најдоцна до 1-ви јануари 2040 година, за подрачјата во кои усогласеноста со директивата до рокот би се покажала неостварлива поради специфичните климатски и орографски услови или каде неопходните намалувања можат да се постигнат само со значајно влијание на постоечките системи за греење во домаќинството.

Air quality measuring devices on the top of an automatic monitoring station are seen in Prague

Според новите правила, државите членки имаат обврска да обезбедат граѓаните да имаат право да бараат и добијат оштета, кога настанала штета по нивното здравје како резултат на намерно или ненамерно кршење на националните правила со кои се влијае врз одредбите од Директивата. Покрај тоа, се прошируваат и барањата на државите членки да воспостават ефикасни, сразмерни и делотворни казни за оние кои ги кршат мерките за спроведување на Директивата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top