Насловна / Технологии / Софтверските „Мускули“ на архитектите

Софтверските „Мускули“ на архитектите

muskuli_thumb.jpgАрхитектите се професионалци
од кои се бара познавање
на најголем број софтвери.
Тие работат во расчекор меѓу
инженерството и уметноста, па
затоа им се потребни различни
софтвери за претставување
на архитектонските дела.
Архитектите секаде во светот
се едни од најпоткованите
професионалци со ИТ знаење и
умешност. Во Македонија, тие
декларираат високо ниво на ИТ
умешност поради непречениот
пристап до секакви пиратски
софтвери во минатото.

Autocad, Archicad,
Microstation, SketchUp,
MS Project, MS
PowerPoint, Revit
Architecture, 3DS Max,
Photoshop, Illustrator, Artlantis,
Indesign, CorelDraw, VectorWorks,
TurboCad, Bentley Architecture,
Maya, After Effects… Ова е дел
од листата на софтвери кои се
сретнуваат при работните процеси
во архитектонските бироа низ
светот. Со некои од нив се проектира
или моделира, со други се прави
проектна документација, со трети
се работи визуелизација, со четврти
се планира градба итн. Навистина,
понекогаш помислувам дека
архитектите се професионалци
од кои се бара познавање на
најголем број софтвери. И сосема
логично. Архитектите работат во
расчекор меѓу инженерството и
уметноста, па логично е и двете лица
да се претстават преку различни
софтвери. Затоа архитектите се
едни од најпоткованите со ИТ
знаење и умешност. Или барем
така би требало. muskuli_2.jpgВо отсуство на
статистички податоци за тоа колку
и кои софтвери ги користи едно
проектантско биро или еден архитект
во просек, не може со сигурност
да се изведат заклучоци. Лично,
скоро сите колеги кои ги познавам
користат повеќе од две -три различни
апликации со различен степен на
нивно знаење и користење. Некои
од нив имаат мошне интересен
процес на проектирање кој
опфаќа користење на повеќе не
толку познати апликации, кои ги
совладале благодарејќи на својата
упорност и љубопитност. Ако се
погледнат поставените биографии
на архитектите што бараат работа
преку Вработување.ком (www.
vrabotuvanje.com), ќе забележиме
дека од 18 поставени биографии од
областа на Архитектурата, две лица
навеле дека работат во дури шест
популарни дизајнерски програми,додека три лица не навеле познавања
на ниту еден од професионалните
дизајнерски софтвери. Некаков си
просек од оваа група на податоци
е три професионални софтвери
наведени од пет лица кои поставиле
своја биографија. Од наведените
софтвери, 12 лица користат Autocad,
11 лица користат Archicad, 7 користат
Photoshop, 4 CorelDraw, а по тројца
користат 3DS Max и SketchUp. Од
друга страна пребарувањето по
професионалната мрежа LinkedIN
(www.linkedin.com) која има над
75 милиони членови од 200 земји
од светот, покажува дека 16890
членови кои работат во областа
на архитектурата и планирањето
користат Autocad, 6791 член
користи Revit Architecture, 4880
професионалци користат SketchUp,
1570 користат Microstation, 1514
користат Archicad, 789 користат
VectorWorks итн. За жал, на веб
страната не е можно да се добие
статистичка анализа за тоа по колку
професионални софтвери наведуваат
архитектите дека познаваат. Сепак од
некои случајни пребарувања може
да се види дека некои поединци
навеле дека работат и во над 15
„сериозни“ апликации. muskuli_3.jpgПрашањето
што се поставува е дали ваквата
способност на архитектите за
совладување и користење на голем
број апликации е поттикната од
личната љубопитност и упорност или
е тоа реално барање на пазарот? Што
бара пазарот? За таа цел извршив
пребарување на огласите за работа
на една од најдобрите Британски
веб страни за регрутирање, Рид
(www.reed.co.uk) која прикажува
огласи за работа низ целиот свет.
Во делот на архитектонските услуги
беа прикажани 47 огласи во кои
се бараа архитекти со најразлични
способности за работа претежно во
Велика Британија, но и во Хонг Конг,
Катар, Египет, Саудиска Арабија. Од
47 огласи за работа, 20 (или 43%)
не спомнуваат никакви компјутерски
вештини како услов за рангирање
на кандидатите, односно во описот
на потребните квалификации стојат
барања кои се посуштински од
компјутерските вештини, што не
значи дека од успешните кандидати
нема да се бара работа со компјутер.
Веројатно најбаран оглас е оној
во кој се бара постар архитект кој
меѓу другото треба да ги владее
софтверите како Autocad, 3DS
Max, SketchUp, Photoshop, Indesign,
Illustrator, PowerPoint и Revit. Во друг
пак, не се наведуваат програмите,
но јасно стои дека кандидатот треба
да има познавања од сите клучни
дизајнерски апликации. Од увидот
може да се види дека повеќето
(18) огласи од кандидатот бараат
познавање на 1 професионален
софтвер, а тоа е дефинитивно
Autocad кој се појави како услов во
огласите далеку пред кој било друг
софтвер. Второто место на најбарани
софтвери го делат SketchUp и
Photoshop со четири спомнувања,
пред VectorWorks кој се сретнува во
три наврати. Останатите софтвери
се Microstation, Revit, 3DS Max,
Illustrator, Indesign, PowerPoint итн.
Навистина, пред да се изведе некаков
заклучок од сето погоре споменато,
треба да се знае дека изворите
што се користени не можат сами
по себе да бидат доволни за да се
изведе меродавен заклучок. muskuli.jpgСепак,
некои трендови кои провејуваат
низ податоците потврдуваат некои
очигледни трендови во реалноста
(со мои коментари на нив), а тоа се:
• Компаниите бараат Autocad
„описменети“ архитекти како
основен услов (често пати со
наведувањето на Autocad како
софтвер, всушност се кажува за
софтверската ориентираност во
компанијата кон Autodesk – овите
софтвери кои ги има над 50);
• Kомпаниите ги подредуваат
компјутерските вештини на
кандидатот во втор план (во услови на
ограничен простор за презентација
на огласите, логично е компаниите
во преден план да ја опишат работата
што се нуди и кои квалитети се
бараат, пред се оние архитектонските
или организациските. Компјутерската
умешност се подразбира или
дополнително ќе се бара);
• Архитектите владеат повеќе
софтвери, повеќе отколку што
тоа реално компаниите го бараат
(работењето во повеќе компании
со различен работен процес
им дава софтверско искуство
повеќе во биографиите);
• Македонските архитекти
декларираат високо ниво на ИТ
умешност (непречениот пристап
до секакви софтвери во минатото,
создаде леснотија во достапноста
и користењето на најразлични
професионални апликации).
И покрај се, познавањето на повеќе
софтверски апликации не може
во никој случај да биде на штета на
архитектите, напротив шансите за
успех се поголеми. Архитектонското
дело мора да се претстави и објасни
најдобро што може, а тоа се прави
со комбинација на софтвери за
визуелизација и презентација. Како
доказ, проверете ги победничките
прилози на следниот архитектонски
конкурс. Секогаш во нив се
гледа умешноста на авторите во
користењето на најразлични
професионални софтвери за што
подобро претставување на објектите.
Сепак софтверите се во функција
на проектирањето, а не обратно.

 

Трајче СТОЈАНОВ,
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top