Насловна / Архитектура / Наследството на Виена е големо за оние што создаваат нови социјални станови

Наследството на Виена е големо за оние што создаваат нови социјални станови

Првата студија од серијата на Dezeen „Преродба на социјални станови“ (Social Housing Revival) се занимава со станбен блок во Виена организиран околу централно „заедничко срце“, кое потсетува на златната ера на општинската изградба.

0

Проектиран од локалното биро Berger + Parkkinen и Querkraft Architekten, Seestadt Aspern Housing завршен е во 2015 година за станбена задруга EGB.

Блокот, познат како D12, има 213 стана, осум продавници и објекти за заедницата во новиот виенски кварт Seestadt Aspern, еден од најголемите европски проекти за урбан развој.

1

Оваа нова област, предвидена да биде целосно завршена во 2030 година, ќе обезбеди домови за 20.000 луѓе и 20.000 работни места, организирани на 240 хектари околу вештачко езеро на место на некогашен аеродром.

Поставен во низа блокови обложени со дрво и бетонски балкони околу внатрешен двор, D12, Berger + Parkkinen и Querkraft Architekten го замислиле како продолжение и развој на богатото наследство на социјални станови во Виена.

4

Ефикасниот пристап на Виена за обезбедувањето социјални станови, кој често се нарекува „Виенски модел“, долго време ја издвојува од кој било друг град во светот, а списанието The Economist неколку пати ја прогласил за град со најдобри можност за живеење во светот.

12

Една четвртина од жителите на Виена живеат под кирија, а поголемиот дел од луѓето во градот живеат во домови изградени на земјишта што се во јавна сопственост или во сопственост на задруги за да се спречат шпекулации.

Почетоците на овој модел на домување се од периодот на социјалистичката контрола помеѓу 1918 и 1934 година, познат како „Црвена Виена“, период кога е воведено ново оданочување на луксуз за да се финансира изградба на достапни јавни станови за работниците.

5

Огромните комплекси изградени во овој период, како што е култниот Karl Marx-Hof, биле познати како Gemeindebauten или „комунални згради“ – што е одраз на нивната улога во пружање не само домување, туку и сите содржини што би можеле да и бидат потребни на заедницата.

Во Виена, тоа е наследство што е големо за оние што создаваат нови социјални станови, а исто така и често се наведува како план за тоа како другите европски градови би можеле да се справат со се поголемата криза во обезбедување достапни и социјални станови.

8

„Фасцинацијата од огромните станбени единици, вклучувајќи и сè што е неопходно за заедницата, од мали продавници, градинки, простори за состаноци и забава, до културни објекти, изградени во 1920-тите и 30-тите години, е огромна“, вели основачот на Berger + Parkkinen Alfred Berger за Dezeen и продолжува: „При проектирање на проект како што е Seestadt Aspen D12, ова се инспиративни примери – да се надмине идејата за станови без да се постави поширока рамка, без да се размислува како зградата ќе се однесува во однос на социјалните квалитети“.

6

Во однос на нивниот дизајн, развојот на „Црвена Виена“ ја отфрлил преовладувачката модернистичка склоност кон изолирани блокови, наместо тоа создавајќи нови улични фронтови и јавни простори кои настојувале да се интегрираат со историскиот контекст на градот.

Иако локалитетот за развојот на Seestadt Aspen нема непосреден контекст од кој може да се црпи инспирација, сепак покажува континуиран интерес за историскиот распоред на централна Виена, особено за типологијата на дворот.

На парцелата D12, тоа била типологија што Berger + Parkkinen и Querkraft Architekten посакале да ја развијат, сакајќи дополнително да го интегрираат блокот со околните улици.

2

Разбивајќи го планот на седум блокови меѓусебно паралелно распоредени, комплексот го затвора својот централен двор полабаво, нудејќи голем број правци до и од околниот град и попостепени премини помеѓу јавните и приватните простори.

„Внатрешните дворови (на Gemeindebauten) секако беа силна слика за нашите амбиции, но баше потребно повеќе“, објаснува Berger и додава: „Беше потребна сложена интеракција помеѓу приватните, полуприватните и јавните површини, со интелигентно позиционирање на заедничките услуги од перални до гимнастчки сали и игротеки“.

Овој централен, полујавен двор – наречен од бирото „кањон“– пружа простор за жителите да можат да ја „доживеат заедницата“, со места за состаноци и простори за играње за деца, над кои се протега скалесто седење и врамено со коси ѕидови обложени со дрво.

9

Комплексот е подигнат над паркинг во подрумот и приземјето каде се сместени комерцијални и социјални простори, со прозорци по цела висина за да се создаде „излог“ кон улицата и бетонски ѕидови кои се прекриени со метална мрежа за одгледување растенија.

Низа пристапни патеки кои комбинираат скали, внатрешни „улици“ и издигнати пешачки патеки ја поврзуваат секоја област од комплексот, кои имаат за цел да го спречат развојот на „правци слични на коридор“ и наместо тоа да понудат шанси за интеракција.

7

„За да избегнеме монотонија и анонимност, одлучивме да го испрсечеме системот на препознатливи единици со познати димензии, создавајќи подгрупа во повеќе пристапни места“, рече Berger. „Дворот конечно го спојува сето тоа. Тој служи како премин помеѓу приватниот, полуприватниот и јавниот простор“, додаде.

Секој блок е изграден околу бетонска рамка, со високо изолирани надворешни ѕидови од префабрикувано дрво со финиш од ариш.

Структурата на рамката овозможува поголема слобода во фасадите. Свртени кон улицата, екструдирани бетонски облици создаваат заштитени балкони, додека свртени кон внатрешниот двор, поголемите отворени балкони овозможуваат простор за места за седење и одгледување растенија.

3

Внатре, секој од овие блокови дели линеарен распоред на станови околу јадрата на циркулација, со основна структура што овозможува високо ниво на флексибилност при распоредувањето на становите.

Дел од оваа флексибилност се однесува и на пружање услуги на широк спектар на жители и начин на живот, а не претпоставка дека социјалните станови се наменети за одреден тип на станари, како што отсекогаш бил пристапот на Виена.

„Во нашата пракса, имавме среќа да придонесеме со проекти за домување на различни социјални нивоа, како што се субвенционирани станови, несубвенционирани станови на средната класа, но и некои луксузни станови“, вели Berger.

„Сметаме дека работењето над општествените граници е корисно за развој на архитектонскиот израз кој ја избегнува замката на смело социјално кодирање, а повеќе бара културна врска“, заклучува.

10 11

Испрати коментар

Scroll To Top