Насловна / Вести / На врвот на листата на 10-те најголеми инвеститори во соларни електрани на светот, се наоѓа нафтен гигант

На врвот на листата на 10-те најголеми инвеститори во соларни електрани на светот, се наоѓа нафтен гигант

Меѓу најголемите инвеститори во соларна енергија се и ограноците на индустриските и енергетски конгломерати, подружници на компании за управување со имоти, но и фирми кои се занимаваат само со обновливи извори на енергија. Високиот пласман на две компании од познатата нафтена шесторка наречена Big Oil, која ја сочинуваат уште и ExxonMobil, Chevron, Shell и ENI, за некоко можеби е изненадување, но тешко е за очекување дека ваквите компании ќе останат надвор од овој пазар кој е се попрофитабилен.

FILE PHOTO: The logo of French oil and gas company TotalEnergies is pictured at an electric car charging station in Courbevoie

Потврда за тоа е и аукцијата одржана во Германија каде што TotalEnergies и BP се согласиле да платат огромни средства за изградба на ветерни паркови на море. Сепак, треба да се истакне дека инвестициите на нафтените гиганти во зелена енергија и натаму претставуваат „ситница“ во споредба со нивните вложувања во фосилни горива, на што укажува и извештајот на органзацијата Greenpeace. Покрај тоа, овие компаиии се и предводници на т.н greenwashing. Неодамнешното истражување покажало дека шест од десет лидери во соларни проекти се наоѓаат во Европа, три во Северна Америка и еден во Јужна Азија.

ISEC WEST Solar Field,  solar panel fields, El Centro, CA, USA

Новите проектни портфолија, како што покажала анализата заклучно со јуни оваа година, првенствено се наоѓаат во Северна Америка, а потоа во Азија и на Пацификот. Десетте компании вкупно располагаат со проекти со вкупна инсталирана моќност од 145 GW. Според извештајот, глобалниот пазар на фотонапонски постројки имал врв во 2022 година со инсталиран капацитет од 191 GW, што претставува зголемување од 22,1% во однос на претходната година. Највеќе има изградено Кина – 86 GW, а следуваат САД. TotaEnergies има поставено цел до 2025 година за елекрани на обновливи извори и системи за складирање на енергија со моќност од 2025, односно 100 GW до 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top