Насловна / Архитектура / Кос или рамен покрив – прашање е сега!

Кос или рамен покрив – прашање е сега!

Кос или рамен покрив – што е подобро и зошто? Градежните материјали и техниките за градење постојано се развиваат благодарение на модерните технологии. А со нив се менува и изгледот на куќите и зградите околу нас.

Во нашата земја има изобилство на архитектонски решенија – и традиционални и модерни, и сите тие го образуваат урбаниот пејзаж околу нас. Инспирирани од една неодамнешна студија, во продолжение ќе ви образложиме, зошто одговорот на ова прашање секогаш е и ќе биде: КОС ПОКРИВ.

Referenz - Haus Arch-Friessnigg

Традиција и естетика

Покривите се симбол на здрава и заштитена средина за живеење како во старите, така и во модерните населени места. Комбинацијата на коси покриви и глинени ќерамиди, пак, е симбол на европската култура.

Големата разновидност на форми, формати и бои на ќерамидите и на глинените додатоци се одраз на традиционалното мајсторство и помагаат да се зачува регионалното архитектонско наследство низ цела Европа.

И денес, косите покриви имаат значајно место во модерната архитектура. Нивната разновидност ги прави идеални за креативни и иновативни дизајнерски решенија, кои можат да резултираат со често посакуваниот футуристички изглед на покривот, кој е одраз на модерниот свет.

Referenz - Haus Arch-Friessnigg

Компактност и енергетска ефикасност

Куќа со кос покрив е за 12,5% покомпактна од куќа со рамен покрив со истата квадратура за живеење. Ова ја прави градбата енергетски поефикасна, со оглед на тоа што ја намалува површината на ѕидовите што доаѓаат во контакт со надворешниот свет.

Косиот покрив ја штити фасадата на куќата од сончевите зраци на лето, со што се избегнува нејзино прегревање, а во зима им овозможува на сончевите зраци да влезат внатре и заштитува од бури.

Косиот покрив значително ја зголемува енергетската ефикасност на градбата и благодарение на природната вентилација што ја овозможува покривот. Ова обезбедува максимален комфор во домот – зима топло, лете ладно.

AT_MKT_PHO_REF_TON_Einfamilienhaus Desselbrunn_Figaro_Engobe anthrazit schwarz (4)

Кога бројките зборуваат

Една неодамнешна студија ги спореди еколошките перформанси на семејни куќи со различни покривни решенија, врз основа на најкористените индикатори за градење (стандард МКС EN 15804). Студијата покажа дека двоспратна куќа со кос покрив со глинени ќерамиди има значително подобри перформанси, и тоа:

  • за 41% е подобра од двоспратна куќа со рамен бетонски покрив
  • за 21% е подобра од триспратна куќа со рамен бетонски покрив
  • за 25% е подобра од триспратна куќа со рамен зелен покрив

Градењето куќа со кос покрив од глинени ќерамиди е еден начин за максимално намалување на ефектите врз животната средина. Не само што глинените производи се прават со користење на природни материјали – земја, воздух, оган и вода – туку и нема потреба за поминување долг пат во потрага по суровини. Тие можат да се најдат локално и да се однесат во најблиската фабрика со минимална потрошувачка на енергија и загадување на воздухот при транспортот, како што кај нас ќерамидите се прават од виничка глина во фабриката на Винербергер во Виница.

Einfamilienhaus Mia, V11; Engobe basalt

Косиот покрив значи поголем простор за живеење

Косите покриви ѝ даваат поголема вредност на куќата, бидејќи нудат повеќе простор за живеење во споредба со куќите со рамен покрив. Преобразбата на потпокривниот простор во поткровје е совршена можност за создавање дополнителен простор за живеење и е поевтина од доградба.

А тука е и можноста за вградување на покривни прозорци, со кои ќе внесете светлина во поткровјето и топлина во новиот простор за живеење.

За крај, запомнете:

Добро дизајнираниот кос покрив ќе трае цел живот, а и подолго. И целото тоа време тој ќе штити и ќе штеди за нас и за нашите поколенија.

WB logo - no tagline - prepress_001

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top