Насловна / Вести / Кинескиот град Сјамен модел за еколошко управување ширум светот

Кинескиот град Сјамен модел за еколошко управување ширум светот

Сјамен, крајбрежен град во југоисточна Кина, одамна е познат како „островот на чапјите“ бидејќи многу претставници на овој вид се размножуваат и се населуваат во оваа област. Секоја вечер, над две илјади чапји се собираат на познатото езеро Јуенданг и начичкани на гранките од дрвјата, мирно ги набљудуваат жителите на градот како свират, пеат, танцуваат или вежбаат.

Денешниот Сјамен е како прекрасна градина. Секој што ќе дојде овде, без разлика дали со чамец оди на отворено море, се вози покрај брегот или шета по бујните шуми од мангрови, ќе биде маѓепсан од прекрасната глетка на хармоничниот соживот на луѓето и природата. Она што предизвикува неверување е фактот дека пред нешто повеќе од три децении, состојбата на екологијата во Сјамен им задавала главоболки на локалните жители. На пример, денешното смарагдно зелено езеро Јуенданг некогаш било покриено со купишта ѓубре и обраснато со плевел.

Вилијам Браун, американски професор на Универзитетот Сјамен, кој со години живее во овој град, живо раскажува: „Во минатото, секој пат кога возев велосипед покрај езерото Јуенданг, морав да ги покривам устата и носот, но сега ова се „зелените бели дробови“ на градот, културниот и трговски центар на Сјамен и локација каде што многу корпорации имаат свои седишта.

Кинезите и странците доаѓаат на езерото Јуенданг за да уживаат во водени спортови, како натпревари во кајак или да шетаат по зелените патеки покрај езерото… Примерот на езерото Јуенданг сведочи дека е можно да се најде баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина“.

Што точно довело до такви големи промени во природната средина на езерото Јуенданг, како и на целиот Сјамнен?

Триесет и шест години континуирано управување

Езерото Јуенданг првично било рибарско пристаниште лоцирано во внатрешниот залив на островот Сјамен. Во 1970-тите, економскиот развој на Кина сè уште беше релативно мал. За да се решат проблемите важни за животот на жителите, локалното подрачје почнало да зема земја од морето и да гради насипи за да го загради езерото.

Оттогаш, пристаништето повеќе не било поврзано со морето и се претворило во затворена лагуна од само 1,6 квадратни километри водена површина. Напоредно со изградбата со висок интензитет и развојот околу езерото, како и брзиот раст на населението, никнувале и бројни хемиски погони, што довело до сериозно загадување. Дополнително, езерото се користело и за одводнување на поплави во урбаното подрачје, што довело до сериозно загадување.

„Сјамен не може да се развива во други области плаќајки ваква цена“. Во 1988 година, Си Џинпинг, тогашен член на Постојаниот комитет на Општинскиот комитет на партијата и извршен заменик градоначалник, креативно предложил сеопфатен план за „управување со езерото во согласност со законот, третирање на отпадните води, копање со багерие и изградба на брегот, оживување на водената маса и разубавување на животната средина“, со што започнала трансформацијата на езерото Јуенданг. За само три години е постигната целта „водата во езерото повеќе не смрди“. Во текот на изминатите триесет и шест години, по пет последователни фази на сеопфатно управување, некогашното смрдливо езеро стана златна визит-карта на Сјамен и „местото каде градот ги пречекува своите посетители“.

Преземајќи го управувањето со езерото Јуендангкаузор, Сјамен постепено иницирал сеопфатно управување со повеќе области на заливот и го координирал управувањето со речните сливови, како што е реката Џиулунг. Придржувајќи се до принципот „еден залив, една стратегија“, извршил еколошка реставрација на целата област, од врвовите на планините до океанот. Започнати се низа проекти, како што се реконструкција на отворите на морските ѕидини и чистење на морското дно, чија вкупна приближна количина изнесувала 170 милиони кубни метри. Со ова се деблокирани и повторно поврзани вештачки одвоените морски области, постигната размена на вода помеѓу морските области и значително подобрување на квалитетот на водата и животната средина.

Од 2007 година, Сјамен, исто така, обновил вкупно 1,65 милиони квадратни метри крајбрежни плажи, осигурувајќи дека тие се зачувани и без тиња, како и дека песокот не се разнесува. Морското еколошко здружение на Сјамен е значително подобрено преку континуирани активности, како што се подобрување на хидродинамичките услови на заливот, садење манговер, заштита и обновување на плажите, спречување на загадувањето и заштита на биодиверзитетот.

Вложувањата во подобрување на еколошката средина не претставувало никаква пречка за економскиот развој на Сјамен, туку, напротив, станале солидна основа за брз економски раст. Областа на езерото Јуенданг привлекла голем број модерни услужни компании и се трансформирала во финансиски, трговски, туристички и станбен центар на Сјамен.

Искуството од Сјамен се применува во земјите од „Појас и пат“

Примерот за еколошка обнова на високо ниво во Сјамен освои признанија како што се „Меѓународен град-градина“ и „Награда за извонредни достигнувања во сеопфатното управување со источноазиската крајбрежна зона“. Еколошките институции од земји како САД, Германија, Јужна Кореја, како и претставници на Европската Унија дојдоа да ја видат состојбата на лице место. Исто така, технологијата за одржување на плажите на Сјамен е промовирана и применета на проекти за заштита на крајбрежјето во земјите во рамки на иницијативата „Појас и пат“, како што се Тајланд и Шри Ланка.

Ју Синггуанг, поранешен директор на Третиот институт за океанографија при Министерството за природни ресурси на Кина, кој даде голем професионален придонес во управувањето со екологијата на Сјамен, смета дека има многу успешни искуства и иновативни пракси во „практиката на Сјамен“, кои вредат да се промовираат на глобално ниво, како што се регионално поврзување на сеопфатно управување со морска екологија, координирана промоција на обнова на морската екологија и развој на градот во заливот, итн.

Изградбата на еколошка цивилизација во Сјамен не вклучува само обновување и подобрување на животната средина, туку се рефлектира и во биолошката заштита. Сјамен беше првиот што ги прогласи локалните закони за заштита на белите делфини и ја основа првата база во цела Кина за нивно спасување и размножување. Со цел да се заштити „најубавата птица во Кина“ – водомар со сина опашка (Merops philippinus), кој дошол во Сјамен од југоисточна Азија за да избега од топлината и да се размножува, Сјамен основал природен резерват за овие птици во самиот центар на градот каде земјиштето достигнува екстремна цена.

„Соочени сме со исти предизвици во ист океан, а градовите како Сјамен, кои предничат во управувањето со океаните, играат водечка улога во соочување со глобалните предизвици поврзани со морската средина“, изјави специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за прашања на океаните, Питер Томсон, откако го видел паркот со мангрови во Сјамен во 2018 година, иако сè уште во рана фаза на развој, оставил длабок впечаток врз него.

Тој повеќепати во говорите ширум светот го истакнуваше Сјамен како модел за глобална обнова на мангрови.

Достигнувањата на градењето на еколошката цивилизација на Сјамен ги одразуваат напорите на цела Кина да промовира модернизација во кинески стил, каде човекот и природата коегзистираат хармонично. По години и години напорна работа, се повеќе земји во светот го разбираат и признаваат искуството на Сјамен за управување со океанот.

Од 2007 година, Кина спровела обука и промовирање на искуството во управувањето со езерото Јуенданг за повеќе од две илјади службеници и технички персонал од преку сто земји во развој. На Глобалниот поморски форум во 2023 година, случајот шума на мангрови во Сјамен за намалување на еколошка катастрофа вклучен е во „Меѓународната збирка на случаи на синергија во намалувањето на крајбрежните еколошки катастрофи и подобрувањето на ефикасноста“ и служи како референца за земјите ширум светот.

Прекрасната визија за создавање чист и убав свет се движи од овој брег кон светот.

Испрати коментар

Scroll To Top