Насловна / Форум / АРХИТЕКТУРАТА Е ФОРМА КОЈА ТРЕБА ДА Е УБАВА

АРХИТЕКТУРАТА Е ФОРМА КОЈА ТРЕБА ДА Е УБАВА

forum138.jpgКако започна се?
Најпрвин се појави компјутерски
оживеано филмче со име
„Скопје 2014”. Беше под заштита
на државата, која е ЗА. Веднаш го
зеде „под свое” опозицијата, која
е ПРОТИВ. Под итно го прифати
јавноста, која е ЗА – ПРОТИВ. Преку
ноќ стана најдискутираниот филм во
Независна Република Македонија и
во македонската кинематографија,
воопшто. Во сиот хаос и врева,
некаде на маргините, а некои
велат – од подземјето, се појавија и
зборовите архитектура и архитекти.
Некои се појавија дури и лично, ама
после. А хаосот трае ли, трае…

Си мислам, кого ли го
интересира што мислам?

Јас на проектот „Скопје 2014” му
признавам две големини. Првата е
ПАРИТЕ. Кога проектантите би зеле
само 3% од вредноста на вкупната
инвестиција, би било супер. Втората,
ќе заборавев, е што сите се сетија
дека ПОСТОИ АРХИТЕКТУРАТА, иако
многумина заборавија дека со неа
треба да се занимаваат архитектите.

Kакво е значењето на проектот
за македонската архитектура?

Големо. ГО-ЛЕ-МО! Го покажува
резултатот од натпреварот што
го игра во минатите дваесетина
години, транзициското време против
македонската архитектура. Купишта
згради и урбани зафати, направени и
кои се прават во минатите дваесетина
години, во сите катчиња на нашата
татковина, по овој урнек можат да
се именуваат „(град-село) 2014”.
Се сеќавате ли колку, во минатите
неколку века, ние архитектите
од планетата Земја, огнено
дискутиравме за значењето на
формата во архитектурата?
Во Македонија, во изминатите
дваесетина години таа дилема
кристално се расчисти:
АРХИТЕКТУРАТА Е ФОРМА.
Исклучиво и само ФОРМА. Форма на
цртеж, форма на основа, форма на
фасада, форма на зграда. Од почеток
до крај ФОРМА. А формата мора
да биде УБАВА. У-БА-ВА! Толку.

Што понатаму?
Понатаму, драги колешки и колеги
архитекти, простете, не ми е јасно.
А ни вам, се обложувам. Тоа е затоа
што не сме доволно едуцирани.
Во интерес на дополнување на
нашето образование, го давам својот
скромен придонес со ПРИЛОГ
за Речникот на македонската
архитектура од крајот на 20 и
почетокот на 21 век. (Опомена: Се
наведено во Прилогот сум добивал
како нарачка, сум го испроектирал,
а понешто и сум наплатил)

Модерна, именка (архитектонски
стил во Р.М.) 1. Необарок и
неокласична еклектика и сецесија
и камп и постмодерна, се тоа на
ЕДЕН еркер, повторен многу пати на
една зграда, на многу згради од една
улица, на многу улици од еден град
во СИТЕ градови и села. 2. Исторична
(не: историска) конфекција,
“симната” од каталог достапен на
Интернет. 3. Употреба на метал,
стакло и хај-тек панели во рококо
контекст. 4. Ретро-стил, ВО МОДА
во локалното опкружување или во
локално лоцирана глава. (вообичаена
употреба: сакам да е Модерна.)

Надворешен ентериер, именка.
1. фасада на зграда. 2. Уреден партер.
3. Уредена дворна површина
која е узурпирана од соседот

Постмодерна, придав. (опишува
архитектонски стил) светската
МОДЕРНА, ама кај НАС. (вообичаена
употреба: не сакам постмодерна
зграда/ куќа/ настрешница/ тераса.)

Разиграна, придав. (опишува омилен
тип на зграда) 1. Зграда надуена до
пукање од првиот кат нагоре. 2. Голем
број на големи конзоли со големи
испади надвор од урбанистичките
услови. 3. Зграда со истуткан покрив
низ кој обично продира вода
(вообичаена употреба со многу
ентузијазам: сакам да е разиграно.)

Социјалистичка, придав. (опишува
омрзнат тип на зграда/архитектонски
стил) неубава, неразиграна,
немодерна зграда која изгледа
слично како многу белосветски
згради од 21-ви век, а е направена
кај нас пред 90-тите години на
20-ти век, или по грешка, после.

Убава, придав.(омилен опис за
зграда) 1. види модерна со додаток
на камен, дрво и разигран покрив
(вообичаена употреба со сонувачки
поглед: сакам да е Најубава.)

Функционална, придав. (“од око”
критериум за неразбирливи делови
на зграда) 1. Што помал број на што
помали конструктивни елементи
од што помала марка на бетон со што помалку бетонско железо. 2.
Сервисните функции на зградата се
изведуваат во некоја следна фаза. 3.
Заедничките функции на зградата се
димензионирани во САНТИМЕТРИ
(должински, квадратни, просторни).
4. Просторот за паркирање
е организиран кај соседот,
гаражирањето е во вториот подрум
кој се изведува во третата фаза.

Испрати коментар

Scroll To Top