Насловна / Арт и дизајн / Xiao Yang, кинезинка која го фотографира брутализамот на Балканот

Xiao Yang, кинезинка која го фотографира брутализамот на Балканот

Xiao Yang е кинезинка која фотографира брутализам особено на Балканот и сака ноќни фотографии, урбани истражувања и фотографирање со светлина. Со комбинирање на овие три работи, таа создава надреални уметнички дела кои личат на сцени од научна фантастика. Особено ја привлекуваат напуштени згради и бетонски споменици, места кои се „празни и морничаво тивки ноќе во мракот“.

1

Јасеновац, Хрватска, Богдан Богдановиќ

Xiao во моментов живее во Шпанија, но посетила повеќе од 40 земји, секогаш носејќи фотоапарат и барајќи интересни локации за снимање. Иако не работи како фотограф, таа признава дека фотографијата е нејзина „опсесија со полно работно време“. Поголемиот дел од своето слободно време го поминува или создавајќи фотографии или истражувајќи за своето следно фотографско патување.

0

„Битка на Сутјеска“, Босна и Херцеговина, Миодраг Живковиќ

Уметничките фотографии на Xiao Yang, родени во Пекинг, ги красат страниците на голем број списанија, весници и книги, како што се Photographic Travel Magazine, N-Photo, Travellers, Beijing Review и многу други.

Всушност, патувањето е она што прво ја инспирирало нејзината фотографија. Дури и нејзината фасцинација со светлосно сликарство започна за време на нејзините патувања. Заминала на патување во Бугарија во 2012 година и заедно со британскиот фотограф Марк О’Нил го посетила напуштениот комунистички споменик Бузлуџа.

7

Бузлуџа, Стара Загора, Бугарија

Оттогаш, тие соработуваа и патуваа заедно, особено во земјите од Балканот, каде фотографирале уште многу споменици и напуштени места.

2

Спомен-парк „Попина“, Србија, Богдан Богдановиќ

Мотивација за своите фотографии, кои се производ на нејзината страст кон светлосни ефекти и бетонски градби (concrete addict, како што самата се претставува), нашла и на просторите во поранешна Југославија, каде со употреба на рефлектори и посебни техники на фотографирање оживеа многу запуштени споменици и им даде посебен сјај на бетонските згради.

3

Преспа, Отешево, Македонија, Јордан Грабул

Без оглед каде ќе отиде, најмногу ја привлекуваат напуштени места со бруталистичка архитектура или многу бетон, како што се кули, бункери или подземни тунели.

Xiao Yang смета дека овие места се како „скриени светски чуда“. Таа ги бара и собира овие места како богатство, запоставено и изгубено во времето.

4

Хотел „Европа, Отешево, Македонија

5

Споменик на борците на Космајскиот одред, Србија, Војин Стојиќ и Градимир Медаковиќ

Откривањето на овие места одзема многу време, таа своето слободно време го минува истражувајќи. За секое патување и е потребно многу планирање и собирање информации. Таа поминала часови и часови само на „Гугл мапс“, наоѓајќи и обележувајќи локации.

6

Споменик на востанието на народите на Банија и Кордун, Петрова гора, Хрватска, Војин Бакиќ

„Повеќето информации ги добивам на Facebook групат или на Instagram. Исто така ги собирам и на мојот Pinterest според различни категории или земји. Откако ќе се одлучам за земјата во која ќе патувам, еден месец или два пред патувањето, започнувам да ја барам точната локација на местото и сите ги обележувам на мапа. Понекогаш е лесно да се лоцираат на мапа, но најчесто нема директни информации за координатите “.

9

„Цвет на победата“, Гевгелија, Македонија, Јордан Грабул

16

„Македониоуm“, Крушево, Македонија, Јордан Грабул

„Понекогаш местото е срушено или влезот е запечатен.“ А ако местото е достапно, Xiao мора да разбере какво светло има околината. „Понекогаш тоа може да биде улично осветлување или опкружување со вештачко светло, што може да ја расипе сликата“.

10

Споменик на паднати борци на Барутана, Црна Гора, Светлана Кана Радевиќ

Еден од начините со кои таа се справува со овие околни светла е тоа што ги покрива со вреќи или палта. Така постапила со „Македониум“ во Крушево. Споменикот е туристичко место, што значи дека имало многу светлина на локацијата и таа морала да ја покрие за да ги добие сликите што ги сака.

13

Споменик на Револуцијата на народите на Мославина, Подградиќ, Хрватска, Душан Џамоња

20

Споменик на храброста, Чачак, Србија, Миодраг Живковиќ и Светислав Личина

Исто така, Xiao е вљубена и во ноќно небо. Нејзината љубов кон ноќната фотографија потекнува од растењето во Пекинг. Бидејќи Пекинг има многу загадување од светлина и воздух, како дете никогаш не видела чисто ноќно небо. За прв пат го видела целиот Млечен пат како возрасна кога го посетила островот во Шпанија, Менорка.

21

Споменик Корчаница, Грмеч, Босна и Херцеговина, Љубомир Денковиќ

 Да се види Млечниот пат за неа било пресвртна точка. „Гледањето на Млечниот пат во Шпанија навистина ме импресионираше со светлината и ме вовлече во светот на темнината“, заклучува Xiao Yang.

24

Кругови, Спомен Парк Шумарице, Србија, Војин Бакиќ

Дури и сега, кога ги посетува спомениците, се радува што го гледа ноќното небо. „Месечината, драматични флуидни облаци, молњи и бури и ако имам среќа, ќе се појави Млечниот пат. Никогаш не можете да се заморите од гледање “.

Можеби е опседната – но тоа е убава опсесија, давајќи убави искуства и одлично, надреално портфолио.

31

Споменик на победниците, Прилеп, Македонија, Богдан Богдановиќ

30

Меморијален комплекс Кадињача, Србија, Миодраг Живковиќ и Александар Ѓокиќ

26

Партизански гробишта, Мостар, Босна и Херцеговина

14

Источна капија, Белград, Србија

15

Хотел „Игман“, Игман, Босна и Херцеговина, Ахмед Џувиќ

19

Хотел „Златибор“, Ужице, Србија, Светлана Кана Радевиќ

18

17

12

27

Споменик за загинатаите работници при изградба на браната во Маврово, Македонија

29

Спомен костурница, Кавадарци, Македонија, Петар Муличковски

22

Скршено крило, споменик на стреланите ученици и професори, Крагујевац, Србија, Миодраг Живковиќ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top