Насловна / Архитектура / Специјална награда на жирито на Цивик Траст за Маршал зградата во Лондон

Специјална награда на жирито на Цивик Траст за Маршал зградата во Лондон

На 31. март 2023 година Цивик Траст наградите за најдоброто во рамките на изградената средина го одбележаа својот 64-ти јубилеј во Големата сала на Маршал зградата при Лондон школата за економија и политички науки во Вестминстер, Лондон.

м3

Објект, овогодишен добитник на Специјалната награда на националното жири за 2023 година.  Во рамките на церемонијата на свеченото прогласување на добитниците присаствувале над 300 лица коишто заедно ги прославиле исклучителните достигнивања на оние коишто придонеле за нивните заедници преку исклучителни реализирани проекти во доменот на архитектурата, урбаниот дизајн, урбанистичкото планирање, јавните простори и уметноста на јавните простори.  Наградените проекти се одраз на најдоброто и иновацијата во овие подрачја, а коишто не само што ја збогатиле физичката средина туку и помогнале да се создаде подобро чуство за местото и идентитетот на  заеднинците.

00

И оваа година интерестот за наградите бил голем со над 250 пријавени проекти од Велика Британија, Австралија, Данска, Ирска, Канада, Кина, САД, Сомалија, и Швајцарија што е одраз на континуираното меѓународно реноме на Цивик Траст наградите.  По спроведената регионална селекција, 100 проекти биле доставени до националното жири за тоа од нив да ги избереат оние коишто ќе бидат наградени како следува:

  • Цивик Траст: 22 награди и 28 високи пофалници;
  • Про Терм (за времени објекти): две награди и една висока пофалница;
  • Селвин Голдсмит (за универзален дизајн): две награди и една висока пофалница;
  • Еј-Еј-Би-Си (ААБЦ – Регистер на акредитрани архитекти во доменот на конзервацијата на згради) за заштита на постојни објекти: една награда и четири високи пофалници;

Дополнително се доделени уште шест Специјални награди, и тоа:

1. Специјална награда на националното жири на Маршал зградата при Лондон школата за економија и политички науки (The Marshall Building, London School of Economics and Political Science) во Вестминстер, Лондон (Англија) на Графтон архитекти;

м7

2. Специјална награда за одржливост на Лит зградата при Нотингам Трент универзитетот (Lyth Building, Nottingham Trent University) во Нотингам (Англија) од Еванс Ветори архитекти;

нотим

3. Специјална награда за повторно користење и адаптација на Андермат конецртната сала (Andermatt Concert Hall) во Андермат (Швајцарија) на Студио Сеилерн архитекти;

ардемт

4. Специјална награда за придонес кон заедницата и вклученост на Глеид оф лајт (Светлина на отворениот простор во шума – Glade of Light) во Манчестер (Англија) на Би-Си-Еј (БЦА) пејзажи.

гладе

5. Специјална награда Мајкел Миделтон (за проект на обнова или нов објект во заштитена зона на градителско наследство) на Барел колекција (музеј – The Burrell Collection) во Глазгов, Шкотска

бурел

6. Специјална награда за транспорт и инфраструктура на:

(1)  Падингтон станицата на Елизабет линијата (Paddington Elizabeth Line Station) Вестминстер, Лондон (Англија) на Вестон Вилијамсон и пратнерите,

пад

 

(2)  Вулич станицата на Елизабет линијата (Woolwich Elizabeth Line Station) во Гринич, Лодон (Англија) на Вестон Вилијамсон и пратнерите.

волич

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА НАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ ЗА МАРШАЛ ЗГРАДАТА

Добитникот на овогодишната Специјална награда на националното жири, Маршал зградата при Лондонската школата за економија и политички науки се наоѓа на местото на поранешниот објект од 1960-те години на добротворната организација за Истражување на ракот во Обединетото Кралство, а кој бил купен од школата во 2013 година за по рушењето да се овозможи изградбата на новиот објект.  Графтон архитектите од Даблин (Република Ирска) биле именувани за проектант на новиот објект по одржаниот јавен конкурс од 2016 година, а по чиишто проект била издадена урбанистичка согласност за изградба на објектот на 13 јуни 2017 година.  Тогаш било планирано постојниот објект да почне да се руши во 2017 година, а новоизградениот објект да се заврши во 2021 година, но изградбата била завршена во 2022 година веројатно како резултат на пандемијата.  Според проценките од 2017 година се очекувало бруто вредноста на проектот да биде 140 милиони фунти.

м1

Објектот го носи името „Маршал зградата“ според името на донорот Сер Пол Маршал и е со 10 нивоа над и 2 ниво под нивото на теренот со што се создадени 18.124 метри квадратни бруто внатрешна површина за образовна намена.  Во рамките на објектот сместен е Маршаловиот институт за филантропија и социјално претприемнишетво основан од Сер Томас Хју-Халет и Сер Пол Маршал, а кој се стреми да го подобри импактот, ефективноста и привлечноста на приватните придонеси за јавното добро.

м2

Во рамките на објектот се сместени и академските одделенија за книговодство, финансии и менаџмет, наставни простории (амфитеатри, места за неформално учење, академски канцеларии), како и спортски (терени за сквош), простори за музички проби и уметнички потреби вклучително со повеќенаменска спортска сала со широчина од 20 метри и должина од 35 метри, изградена според националните стандарди за спорт, за потребите на вработените и студентите. Овој објект представува продолжување на определбата на школата за создавање на висококвалитетна изградена средина која ќе соодведствува на нејзиното академско реноме, предходно докажана преку наградениот објект на Со Сви Хок Студенсткиот Центар отворен во 2014 година и други престижни објекти во рамките на кампусот на школата во „срцето“ на Лондон.

мр

Маршал зградата вешто е втакена во сложената урбана морфологија на пошироката локацијата во која се наоѓа.  На северната страна таа е со формално присаство на „брегот“ кон урбаниот парк Полињата на Линколн Анот и по филигранска урбана морфологија кон јужната страна, при што формата на објектот се прилагодува на контекстот во кој се наоѓа.  Објектот манифестира унифициран израз кон паркот за како се одалечува полека да се прилагоди на геометријата на локација и по уситнетата улична мрежа кон југ.

мрр

Објектот чувствително реагира на своето опкружување прилагодувајќи се за да ги искористи придобивките од природната вентилација и осветлување како и да овозможи оформување на тераси со градини и визури кон градот.  Фасадата кон паркот е по отворена кон небото со „паравани“ и брисолеи профилирани на начин да го рефлектираат сонцето од исток, но овозможуваат осенчување од запад.  Кон југ фасадите се моделирани за да го избалансираат нивото на осенчување и дневна светлина, но и да создадат поврзување со улиците кон коишто гледаат.   Влезовите, терасите со градини, калканите и регуларниот ритам на прозорците меѓусебно се поврзани за да дадат унифицирана но динамична форма.

м4

Во рамките на проектот била спроведена детална студија на паркот преку која бил направен обид да се изнајде соодветен однос и израз за оформување на формален плоштад и создавање на нова главна врата која ќе ја поврзе школата со градот.  Ова резултирало во „предворје“ кон паркот, просторни влезови и нова пешачка улица која води кон југ пополочени со камен коишто создаваат засолниште, можности за седење и разиграни јавни простори.

м6

Богатата но разновидна проектна програма во рамките на висок но во основа ограничен објект наложила да се развие конструктивен ситем кој ќе може креативно да го реши проблемот кој произлегува од потребата товарите од помалите конструктивни распони на погорните катови да се пренесат преку се поголемите распони на приземјето и нивота под теренот до носивото тло.  Ова резултирало во плетенка од столбови и греди кои наликуваат на „дрво“ кое ги пренесува конструктивните товари кон тлото преку наклонети диагонални „гранки“ кои се шират кон надвор од столбовите.

м5

Организационо, просторите за спорт, настава, учење, истражување и уметности волуметриски и структурно се испреплетени, коешто преку иновативната носива конструкција овозможува нивно сместување во објектот.  Под овие „гранки“ на приземјето се наоѓа Големата Сала, преку која е создаден нов социјален простор за универзитетот кој е достапен за сите и кој великодушно се поврзува со пошироките јавни простори.  Овој простор е замислен како покриен плоштат со терацо под во наклон коешто овозможува пристап на ниво до сите три влеза во објектот.

мрр1

Амфитеатрите и училниците на првиот и вториот кат се поставени околу отворен простор за студентите.  Ѕидовите во овие простори се со благо закривени форми коишто се протегаат под и околу носивите „гранки“ и столбови, и се обложени со акустични панели од дрво.  Овие ѕидови вклучуваат клупи и маси за неформално учење.

Скалестиот атрум ги поврзува различните „светови“ во објектот и влече светло од  зенитот длабоко кон основата на истиот.  Обмислен како надворешен двор, неговите ѕидови се обложени со тенки бетонски брисолеи и вградени акустични панели за да го пригушат преносот на звукот помеѓу различните нивоа.  Скалите и малите соби за состанови се вткаени во и надвор од овој простор создавајќи можности за преклопување и размена.

мор

Спортските простории се пристапни на приземјјето или преку Големата сала или преку надворешни скали коишто се спуштаат во светларникот на северната страна и овозможуваат пристап до паркингот за велосипеди.  Овој светларник овозможува визулена врска со големите волумени на спортската сала и салите за сквош сместени на подолните нивоа.

Објектот ја одсликува определбата на школата за одржливост и намалување на сметот и потрошувачката на енергија низ целиот кампус.  Ова е потврдено преку оценката „одлично“ на програмата за сертификација според Методата за оценка на средината на Британската истражувачка организација (BREEAM) со која овој објект се вбројува во 10 проценти на врвни нестанбени објекти во Велика Британија по своите еколошки карактерискти и како резултат на ова ги задоволува програмските очекувања на програмата во доменот на одржливоста.

мор1

Промовирањето на пристапноста во објектот било поткрепено преку вклучување на консултант специјалист за ова подрачје во рамките на проектанскиот тим коешто овозможило добивање на совети низ сите фази на проектот.  Дополнително, на почетокот на проектот биле обавени консултации со Мрежата на хендикепирани вработени и студенти при школата, Службата за студентска благосостојба и представници на студенти од помалку бројните групи коешто овозможило да се искажат и различните и специфичните потреби како основа за сепфатен дизајн кој вклучува.  Во рамките на објектот предвидена е и просторија за пресвлекување на лицата со посебни потреби опремена со специјализрана опрема со која што е овозможено универзитетот да ги задоволи потребите на корисниците на кои им е потребен пристап до пософистицирана опрема за задоволување на нивните потреби.  Просториите за пресвлекување на лицата со посебни потреби вообиечано се со површина од барем 12 метри квадратни и соржат тоалет, мијалник, изливник за густи течности со уред за испирање, туш, плафонска дигалка, подвижно легло со променлива висина кое моеже да служи и за пресвлекување и туширање, како и  помошна опрема и уреди со што се овозможуваат услови за достоинствено пресвлекуавње на лицата со посебни потреби кои го користат објектот.

Социјалната вклученост во рамките на објектот дополнирано е промовирана преку посебна просторија за пресвлекување на бебиња, како и дизајнот на рекреативните простории коишто ги подржуваат и спортовите за корсиници на инвалидски колички како во рамките на тимски така и во рамките на индивидуални спортови.

мрр3

Маршал зградата при Лондон школата за економија и политички науки е објект во кои се сместени четири различни „светови“ коишто се издигаат од под нивото на теренот кон небото.  Светот на спортот, јавниот простор, учењето и истражувањето волуметриски и конструктивно се испреплетени создавајќи микро вселена од градот со бројни намени коишто создаваат богата и инспиративна средина за универзотерски живот.

Според жирито, “Зградата е исклучителна во својот придонес кон искуството на своите корисници и кон урбаниот контекст коишто помага да се дефинира.  …   Маршал зградата е дефинитивно проект од светска класа.“

мк

*Текстот е поддржан од Минситерство за култура на РС Македонија

Испрати коментар

Scroll To Top